Против метеж: Њујорк ќе наплаќа 15 долари за пристап со автомобил

Њујорк е првата метропола во САД што има намера да воведе наплата на патарина за влез со автомобил. Планот е кон средината на јуни да се почне со наплата на такса во висина од 15 долари, односно околу 850 денари. Наплата ќе се врши за пристап во јужниот дел на Менхетен, до 60-та улица.

Тоа во средата го најави агенцијата за сообраќај во Њујорк. Патарината важи за дневниот период и со неколку исклучоци важи за целото подрачје јужно од 60-та улица.

Управата на агенцијата за сообраќај го одобрила планот на којшто се работеше повеќе години.

Во Агенцијата ценат дека воведувањето на патарината е „историски ден“. Со овој чекор ќе се намали сообраќајот во деловниот центар на Њујорк, ќе се зпречи загадување на воздухот и воедно ќе се создаде извор на средства што ќе се вложуваат во развој на сообраќајната мрежа.

Се јавува и отпор против планираната градска патарина. Политичари и граѓани имаат поднесено бројни тужби против програмата. Извесно е дека тоа ќе биде жестока тема во претстојните месеци.

Претходна објаваКинези први со електричен автомобил со батерија со цврст електролит
Следна објаваБидна и електрична Тојота Хајлукс

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here