Пионерот на електрификацијата на автомобилите Тојота, на којашто бизнисот со хибридниот погон ѝ врви одлично и во време на чудно успешната Тесла, повеќе има резервиран став околу електричниот погон. Токму моделот од којшто најмалку би се очекувало Тојота да го префрли на струја, наскоро ќе почне да вози (и) на струја.
Тоа што новинската агенција Ројтерс ја пренесува веста ѝ дава тежина на информацијата дека Тојота наскоро ќе почне да произведува изведба на пикапот Хајлукс што ќе вози целосно на батерија. Информацијата доаѓа од човек на одговорна позиција во огранокот на Тојота во Тајланд, каде што се произведува пикапот.
Електрична Тојота Хајлукс ќе почне да излегува од монтажните ленти веќе в година. Подробностите уште не се познати, меѓутоа е извесно дека станува збор за сериска изведба на концептниот автомобил Хајлукс Рево БЕВ што Тојота го прикажа пред две години.
Тојота преку овој концептен автомобил уште тогаш најави дека се размислува за целосно електрична изведба на пикапот Хајлукс. Доколку се задржи техниката од концептот, пикапот би требало да минува до 230 километри на струја. Многу е веројатно дека Тојота ќе додаде значително во досегот кај серискиот модел.
Пикап-конкурентот Исузу исто така планира електричен Д-Макс за в година. Неговата батерија од 69,9 кВч би била доволна за компактен автомобил, меѓутоа за пикап од средна класа, што сигурно нема да вози празен, таа нема да издржи многу подолго од 200 километри. Можно е Тојота уште од старт да понуди поголема батерија.
Тојота лани ја вклучи во понуда изведбата со 48-волтен благ хибриден погон во Хајлукс, во комбинација со 2,8-литарскиот дизел.
















