Автомобилскиот бренд „Гили“ отвора салон во Џевахир Мол Скопје

Со отворањето на првиот салон, „Гили Атлас“ (Geely Atlas), „Гили Кулреј“ (Geely Coolray) и „Гили Старреј“ (Geely Starray) влегуваат на македонскиот пазар и ќе станат достапни и за македонските купувачи.

Салонот е дизајниран според високите стандарди на производителот и нуди доволно голем простор за изложбено претставување на автомобили. Џевахир Мол Скопје е првиот трговски центар со изложбен салон од вакви размери и што може да понуди егзибициско презентирање на перформансите на автомобил.

Кинескиот Гили е светски гигант во оваа индустрија и е еден од најпродаваните авто брендови за 2023 година на светско ниво. Гили во својата групација поседува светски познати брендови како што се Волво, „Линк&КО“ (Lynk&Co), „Полстар“ (Polestar), „Зикр“ (Zeekr) и “Смарт“ (Smart). Палетата на брендови на Гили ја зачувуваат практичноста на кинескиот автомобил, во комбинација со европската ДНК на моторот и размена на технологија помеѓу своите брендови.


Џевахир Мол Скопје се отвора на 29 март, а дел од брендовите коишто ќе бидат застапени со свој продажен простор се турскиот бренд за детска облека Панчо, Синсеј, ДеФакто, хипермаркетот Кит-Го, Урбан кафе Франк, Сара Фешн и ДМ.

(Соопштение за печат)

Претходна објаваПремиера во Шкода: Чесите го освежија својот голф-модел и СУВ-пуленот
Следна објаваГрците возеле најстари автомобили во ЕУ, а Македонците возат уште постари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here