Шкода го продолжи спонзорството на Тур д’Франс до 2028 година

Заедно со француската трка со велосипеди, Шкода ќе ја поддржува и шпанската Ла Вуелта, како и нивните дамски изданија. За таа цел, Млада Болеслав ќе стави на располагање за трките до 250 електрични и хибридни автомобили.

Шефот на Шкода, Клаус Целмер, за продолжувањето на договорот со Тур д’Франс, Ла Вуелта, за пет дамски трки и вкупно 20 трки со велосипеди низ Европа, потсетува дека „нашата компанија е создадена пред близу 130 години како производител на велосипеди“. Тоа е причината зошто Шкода толку силно се залага за велосипедскиот спорт.

Лани повеќе од 150 милиони гледачи ја следеа Тур д’Франс, само во Европа. Тоа е многу повеќе од која било друга велосипедска трка во светот.

Во договорот со организаторот АСО стои дека чешката марка ќе користи до 250 електрични и приклучни хибридни возила, како поддршка на големите трки. Годинава Шкода по 21-ви пат ќе учествува на Тур д’Франс со своите „црвени автомобили“. Тоа се подвижни командни центри на организатгорите и на директорот на трката Кристијан Прудоме.

Шкода го спонзорира и зеленото трико, што го носи водечкиот велосипедист по бодови, а воедно ги изработува и кристалните трофеи што им се доделуваат на победниците во повеќе категории. Кристалот повторно е во духот на традицијата на чешките мајстори за кристал.

Од првата трка Тур де Франс Фам, од 2022 година, Шкода го подржува и дамското издание на велоспедскиот класичар. На публиката на велосипедските настани ѝ се достапни и апликации, подржани од Шкода, за следење на Тур де Франс и Ла Вуелта.

Видеото од тестот на електричната Шкода Ениак

Претходна објаваРено преговара со Фолксваген за заеднички развој на малечки ЕВ
Следна објаваФиат ќе го зголеми производството на Панда за една петина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here