Порше купи акции во бундеслигашот Штутгарт

Порше ќе изведе лаунџ клуб од единствен вид на стадионот, наречен Порше Тунел Клуб

Како што беше најавено во јуни 2023, Порше АГ во првиот чекор ќе преземе 5,49 проценти од акциите на Ферајн фир Бевегунгсшпиле Штутгарт 1893 АГ. Втората транша би следела во јуни годинава.

Со ангажманот во бундеслигашот Штутгарт, во моментов трет на табелата по Леверкузен и Баерн, Порше ќе добие две места во надзорниот одбор на клубот. Овие места ќе им припаднат на Луц Мешке, директор за финансии, и на Албрехт Рајмолд, директор за производство.

Намерата на управата на спортската марка е да учествува со повеќе од 10 проценти во акциите на Штутгарт. Директорот Мешке вели дека „со Фау-еф-бе Штутгарт нé поврзува долга традиција… Порше има намера уште посилно да се вложи за регионот на Штутгарт.“

Порше вложува во подмладокот

Под мотото „Турбо за таленти“, Порше посебно го подржува клубот во подмладокот. Од оваа сезона, Порше е „официјален југенд-партнер“, главен партнер на „младите диви“, како и на „Фудбалската школа на Фау-еф-бе“.

Како дел од парнерството, на трикото на јуниорите од У21 до У11 ќе се гледа логото на Порше. Целта на Мешке е „да придонесеме во спортскиот, но и во личниот развој на подмладокот и да им ги пренесеме вредностите на тимски дух, фер игра, почит и страст.“

Консултантската куќа МХП, што е дел од Порше АГ, од почетокот на сезонава ги поседува правата на името на МХП Арена Штутгарт. „Преименувањето на поранешниот стадион Готлиб Тајмлер во МХП Арена Штутгарт внесува емоции во нашата марка и го помага нашиот развој,“ кажува Ралф Хофман, соосновач на МХП.

Порше ќе изведе лаунџ-клуб од единствен вид на главната трибина, под името „Порше Тунел Клуб“. Во клубот има место за 215 гости, коишто добиваат ексклузивна глетка во тунелот за излегување на фудбалерите на теренот.

Порше 911 Карера во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар

Porsche 911 Carrera

Претходна објаваРеалити шоу на Би-би-си предизвика манија по Ланд Ровер Дифендер
Следна објаваВо Женева сто години се одржува автосалонот, годинава само малку изложувачи

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here