Киа лани продаде во Европа повеќе возила од кога било досега

Европа учествува со 18,5 проценти во вкупната продажба на Киа ширум светот

Лани на европскиот пазар биле регистрирани 572.297 нови автомобили Киа, што е за повеќе од пет проценти над резултатот од 2022 година. Тоа е во чекор со рекордната продажба што лани беше постигната и на светскиот пазар, со 3,1 милиони возила.

Рекордите на Киа никогаш не доаѓаат сами, па така и на европскиот и светскиот рекорд за 2023 година, им се придружува и рекордно производство во словачката фабрика на Киа, во Жилина.

Пазарниот удел на Киа во Европа остана на високо ниво, со 4,5 проценти. Раст има кај електрифицираните возила, односно кај моделите со приклучен хибриден и целосно електричен погон, што лани постигнале 217.145 продажби и тоа е за 9% повеќе отколку во претходната година. Близу две петини, односно 37,9 проценти од вкупната продажба отпаѓа на овие модели. Киа очекува дека уделот ќе продолжи да се зголемува во 2024, откако повеќе пазари во Европа ќе почнат со продажба на СУВ-седумседот ЕВ9.

Киа Спортаж има традиција на најпродавани модел, со вкупно 165.354 примероци. Втор најпродаван модел е европскиот специјалец Сид, со сите каросериски изведби, трет модел на ранг листата на Киа е кросоверот Ниро, со сите негови електро-варијации и со продадени 73.582 возила.

Кај целосно електричните модели, БЕВ, пазарот во Европа пораснал за 22,7 проценти, со вкупно 80.999 примероци. Од новиот Киа Ниро ЕВ се продадени 40.074 возила, следи престижниот спортски кросовер ЕВ6 со 36.195 возила. Знаменосецот ЕВ9 почна со продажба кон завршетокот на ’23, но пак постигна 2.843 продажби. Од е-Соул исто така има продадено 1.887 примероци. Тој наскоро добива наследик во форма на ЕВ3.

Европската фабрика на Киа во Жилина произведе повеќе возила од кога било досега

Лани во фабриката во Жилина, што патем е оддалечена помалку од 1.100 километри од Скопје, беа произведени рекордни 350.000 возила. Во споредба со 2022 година, тоа е раст од 12 проценти. Одличната местоположба на фабриката, технолошки врвното ниво (автономни колички доставуваат компоненти за вградување низ целата фабрика) и модели што се скроени точно за Европа, секако дека имаат клучна заслуга за силното присуство на Киа во регионот.

Најголемиот дел од продукцијата отпаѓа на Спортаж. Повеќе од 60% од произведените возила се од евергрин-моделската серија на Киа. Останатите 40% отпаѓаат на сите каросериски изведви на Сид, односно комбилимуизина, комби Сид СВ, комби-купе ПроСид и кросовер Ексид.

Славеничката серија за 30-годишнината на Спортаж

Киа Словачка во 2023 произведе повеќе од 507.000 мотори, вклучувајќи го и славеничкиот 7-милионити мотор. Тука исто така има раст од 10 проценти.

Киа Чарџ е уште еден огранок на Киа, којшто е посветен на мрежата од полначи, но и на обезбедувањето зелена струја за полнење на батеријата на електричните автомобили. Бројот на регистрирани корисници лани достигнал 95.000 лица, за 54 проценти повеќе од преклани. На располагање стојат повеќе од 643.000 полначи во светски рамки.

Претходна објаваФиат 500 е најпродаван градски автомобил на струја во Европа во ’23
Следна објаваПроизводители правеле типски хомологации каде им „одговара“ најмногу

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here