Производители правеле типски хомологации каде им „одговара“ најмногу

Голем број нови модели што се пуштени за продажба на автомобилскиот пазар се под знак на прашање, дали е веродостојна нивната типска хомологација, односно потврдата дека тие ги исполнуваат барањата на законодавството, посебно во поглед на емисијата на штетни материи.

Според наводите на Европскиот суд за ревизија, повеќе држави во ЕУ не го извршиле минималниот пропишан број на проверки на типските хомологации на нови модели на автомобили.

Европскиот суд за ревизија цени дека при типската хомологација на нови модели на патнички автомобили, во повеќе држави во ЕУ се дозволуваат големи пропусти. Според Судот, во Италија и во Холандија не се проверуваат податоците што производителите ги наведуваат за емисијата на ЦО2 на нивните нови возила, туку истите само се препишуваат во типската хомологација.

Исто и Сојузната служба за моторен сообраќај што е надлежна за хомологациите во Германија, направила помалку сопствени проверки отколку што тоа е пропишано со закон. Главната причина била тоа што за време на пандемијата, надлежната германска служба го одложила пуштањето во работа на сопствена лабораторија за проверка. Тоа на конференција за медиуми, што во средата се пренесуваше онлајн, го изјави Пиетро Русо, кој во Брисел е надлежен за испитувањето.

Истрагата е направена во само три држави, односно во Германија, Италија и Холандија, и тоа во целиот период од 2020 до 2022 година. Поради тоа, Судот за ревизија не може да донесе оцена како работат службите за хомологација во останатите држави на ЕУ.

Судот за ревизија не даде конкретна препорака, како треба во иднина да се регулира типската хомологација. Органите за типска хомологација сепак мора да се обврзат и фактички да ги вршат потребните испитувања во целиот обем.

Не може да се верува во податоците за хомологација

Органите за типска хомологација во државите на ЕУ мораат за секоја нова моделска фамилија, за секои 5.000 произведени автомобили од истата, да извршат најмалку една сопствена, а тоа значи и независна проверка во лабораторија. Притоа се проверува, возилата со мотор со внатршено согорување да не ги пречекоруваат граничните вредности за Еуро 5 и Еуро 6. Овие дополнителни проверки мора да се вршат најмалку три години по лансирањето на нов модел.

Службата РДВ што е надлежна за тоа во Холандија, не поднела ниту еден извештај дека направила контрола во периодот од 2020 до 2021 година, посочи Русо. Во Италија биле поднесени два извештаи од агенцијата МИТ, но тие не извршиле ниту едно сопствено испитување. Нив вредостите им изгледале дека се веродостојни. „Ниту една од проверките (…) не укажа на проблем во поглед на усогласеноста на измерените врендости на ЦО2 со вредностите што се наведени во ЦоЦ,“ објаснуваат Италијанците.

Реалното смалување на емисијата на ЦО2 е во далеку помал обем

Покрај тоа што отсуствуваат независните тестови, Ревизискиот суд приговара и за неусогласеноста меѓу бројот на хомологирани возила и бројот на фактички регистрирани патнички автомобили.

Се јавува и значителна квота на грешки при броењето на новорегистрираните патнички автомобили во ЕУ. Во Германија во 2020 година не биле регистрирани еден процент од новите патнички автомобили, во Италија се 14 проценти, а во Холандија дури 27 проценти. Тринаесет од 27 држави на ЕУ ги пријавиле податоците за 2020 година дури по 28-ми февруари 2021 година.

Тоа не се банални пропусти, затоа што од нив директно се пресметува билансот на ЦО2 за новорегистрираните возила. Поради тоа е зголемена разликата меѓу законските гранични вредности за ЦО2 и фактички постигнатите гранични вредности кај новорегистрираните патнички возила.

Место емисијата да се смали за 16 проценти според лабораториските мерења, по укинувањето на застарениот циклус за проверка НЕДЦ, за периодот меѓу 2009 и 2019 година, емисијата фактички се смалила за само седум проценти.

Во суштинскиот заклучок на Ревизискиот суд се наведува дека не може да се верува во податоците за хомологацијата, за Холандија и Италија.

На прашање, кои ќе бидат последиците од овој наод и дали Судот ќе гласа за воведување централен европски орган за типска хомологација, Русо одговори: „Податоците мора да се оценат одново“. Ревизискиот суд сепак не може да бара да се воведе централен орган што ќе биде задолжен за хомологацијата на новите автомобили на ниво на ЕУ.

Претходна објаваКиа лани продаде во Европа повеќе возила од кога било досега
Следна објаваПремиера на Порше Макан: Отсега само на струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here