Повеќе од 37 милиони клиенти низ сиве години седнале во својот нов Голф од фабрика. Наследникот на Бубата е главниот повод за сите прослави што Волсбург ги има во агендата за 2024, затоа што Голф одбележува 50-годишнина.
Главните вести што се поврзуваат со Волчјиот Град деновиве се однесуваат на семејството електрични модели ИД. Во нив се вложуваат и многу пари, и многу умствени ресурси, затоа што нема да мине предолго време додека Фолскваген се префрли на целосно електрична понуда. Меѓутоа, сега е главен Голф, затоа што од него почнаа многу нешта што доведоа до тоа Фолксваген денес да биде меѓу најмоќните автомобилски корпорации во светот.
Нормално е дека менаџерите побараа од дизајнерите да направат само незначителни зафати во изгледот. Целата поента на Голф е во тоа што основната форма, барем во некои имагинарни црти, остана непроменета во сите осум генерации на моделот – иако германскиот производител ретко спомнува дека дизајнот на Голф 1 е на Џорџето Џуџаро.
Верно на духот на „апдејт и овер-д-ер“, Фолксваген го води освежениот автомобил како Голф 8.1. Моделот ќе се појави во салоните напролет, задоволството и натаму ќе почнува од најмалку 30.000 евра. Голема навала да се види како изгледа новиот модел веројатно нема да се случи, затоа што новиот главен дизајнер Андреас Минт, или повеќе оригинално Миндт, не направи други зафати, освен тоа што ги стесни светлата, додаде нов браник, нови задни светла, секако зачинето со нови бои и нови тркала.
Затоа, пак, како целата енергија за обнова да е вложена во внатрешноста. Колку што никој немаше забелешки за досегашниот изглед на Голф 8, толку повеќето имаа што да приговорат за кокпитот. Тоа сега е сменето. Сé. На воланот повторно се наоѓаат убави физички копчиња, место сензорски полиња, а има и осветлување за лизгачот под средишниот дисплеј, што нормално дека порасна во Голф 8.1. Уште поважно е тоа што менито е преработено и тоа што сега во Голф може ноќе да се попушти музиката или да се додаде топлина во кабината, без тоа опасно да го одвлекува вниманието.
Фолксваген ги услиша забелешките и си зеде доволно време да изнајде најдобро решение. Но, и технологиите напредуваа во меѓувреме. Говорните команди напредуваа, а збогатени се и со технологијата на ЧетГТП, што значи дека во ракувањето сега се вмешува и вештачка интелигенција. Главните функции за ракувањето во кокпитот ќе ги преземе Еј-Ај.

Како ќе изгледа кога возачите ќе разговараат со автомобилот за да му соопштат каде сакаат да отпатуваат и дали може да се најде некој покус пат, тоа веројатно ќе биде главна тема во тестовите на освежениот Голф.
Барем во моторите уште се нема вмешано вештачката интелигенција. На половина од моделскиот век на Голф 8, сите мотори добиваат апдејт. Повеќето се благи хибриди, бензинците добија екстра КС, секако дека истото важи за ГТИ, а најголема промена има кај приклучните хибриди.

Батеријата е зголемена на 19,7 кВч, што е речиси двојно повеќе, така што сега може да се смета на досег до 100 километри. Подеднакво е важно и тоа што батеријата сега може да се полни со моќност од 11 кВ, што исто така е речиси трипати повеќе – и побрзо – од досега. Во случај да стои на располагање брз полнач, Голф ќе црпи струја со моќност од 50 кВ.
Првите модели што ќе стојат на располагање напролет користат 1,5-литарски бензинец, со или без благ хибриден погон, со 115 или 150 КС. Дизелот исто така се нуди со овие вредности на моќност. Над нив следи приклучен хибрид со 204 КС, потоа е ГТИ со 265 КС, па уште еден приклучен хибрид, со 272 КС. Тоа одамна не е крајот на можностите на Голф. Круната доаѓа од Р ГмбХ, што дволитарскиот бензинец го доведуваат до 333 КС.
View this post on Instagram
















