Киа вози со 130 автомобили на Аустралиан Опен

Корпорацијата Киа го потпомага отвореното првенство во тенис на Австралија (АО24) со службен возен парк, којшто веќе неколку години вклучува и хибридни и електрични модели. Првпат годинава, на АО ќе вози актуелниот хит модел на Киа, електричната ЕВ9.

Како главен партнер на АО24, Киа денес одржа свечено предавање на службените возила за првенството, во Мелбурн Парк. Во чест на 20-годишнината на соработката со Рафаел Надал, оваа пригода беше искористена за откривање на статуата на тенискиот ас.

Возниот парк од 130 автомобили го сочинуваат 15 примероци од ЕВ9, десет ЕВ6, десет Карнивал, а најголемиот дел паѓа на луксузниот Соренто, со 95 возила. Првпат во возниот парк за Аустралиан Опен (АО) се вклучува електричниот СУВ-седумсед со новиот дизајн на Киа и со напредна технологија, ЕВ9.

Возилата ќе ги користат тенисерите, судиите и јавните личности. Првенството трае од 14-ти до 28-ми јануари.

„Како партнер што најдолго е дел од Аустралиан Опен, почестени сме повторно да имаме носечка улога во подршката на тоа што јавноста го цени како еден од најпрестижните спортски настани, додека во исто време ја нагласуваме нашата посветеност на преоѓањето на електричен погон“, порача Чарлс Рај, виш потпретседател и шеф на глобалните активности на Киа.

Крег Тајли, директор на Аустралиан Опен, потсетува на уличната глетка што е вообичаена за време на првенството: „Возниот парк од Киа стана иконска глетка во Мелбурн за време на АО, којшто беспрекорно ги превезува играчите и нивните тимови по градот. Годинава сме почестени што ќе го видиме новиот целосно електричен СУВ-знаменосец ЕВ9, којшто првпат се придружува во возниот парк.“

Највпечатливото место за реклама на теренот ќе ѝ припадне на мат сина ЕВ9. Посетителите ќе можат да разгледаат два дополнителни примероци од овој техно-СУВ. Уште еден важен модел што Киа сака да го најави на светската сцена е ЕВ5, иден електричен модел, што ќе биде позициониран покрај Спортаж.

Дополнително се вклучува и Убер Уан, со возен парк од 30 електрични ЕВ6 и ЕВ9, што ќе им стојат на располагање на фановите на марката и на турнирот.

Киа обезбеди присуство на турнирот за 80 гости од целиот свет, главно клиенти на марката, кои имаат купено или тестирале елеткричен модел, и коишто со тоа учествувале во наградната игра за присуство на АО. На покана на Киа доаѓаат и 15 инфлуенсери од десетина држави, со задача да создаваат возбудливи содржини, додека се движат низ Мелбурн со Киа ЕВ9.

Претходна објаваМерцедес разви гласовен асистент што се однесува како „партнер за дијалог“
Следна објаваРено ја спушти цената на електричниот Меган за 10%, се бори против Тесла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here