Италија ќе дава до 13.750 евра помош за купување електричен автомобил

Фиат Концепт Чентовенти е мошне верна најава за електричната Фиат Пандина, што годинава ќе почне да се произведува вп Крагуевац

Италијанските власти планираат со буџет од 930 милиони евра да го потпомогнат купувањето електрични автомобили за народот.

Според веста што ја објави Блумберг, италијанските власти планираат програма за субвенции вредна 930 милиони евра. Новинската агенција се повикува на документ за предлог закон што ѝ е даден на увид. Во веста понатаму се наведува дека на 1-ви февруари ќе се разговара за предлогот на средба со претставниците од автомобилската индустрија.

Граѓаните на Италија чијашто годишна заработка е под 30.000 евра, ќе добијат од државата финансиска помош во висина до 13.850 евра. Со предлогот се предвидува граѓаните да го заменат својот стар автомобил со норма Еуро 2 или послаба, со нов електричен автомобил.

Програмата за субвенционирање има и социјална компонента, затоа што ги опфаќа и купувачите со пониски примања, место директно да се субвенционираат електричните автомобили, кои општо се поскапи, и коишто и без тоа се достапни главно за купувачите со повисоки примања.

Скромна понуда од достапни електрични автомобили

Според цитираниот додумент, Италија има еден од најстарите возни паркови во Европа, со „најмалку единаесет милиони автомобили со норма Еуро 3 или поскаба“.

Планот на владата е да се обнови возниот парк, со тоа што воедно ќе им се помогне и на фамилиите со пониски примања, а ќе се поттикне и купувањето електрични автомобили што се произведуваат во Италија.

Веќе во текот на 2024 година, домашниот Фиат ќе започне со продажба на новата Пандина, којашто ќе се произведува во српската фабрика, во Крагуевац. Се претпоставува дека електричната Пандина ќе чини под 25.000 евра. Со тоа Фиат ќе направи важен чекор во проширувањето на понудата на достапни електрични автомобили, којашто во моментов е мошне скромна. Ситроен исто така стартува годинава, со електричен е-Ц3, со цена од 23.300 евра во Франција.

Наскоро на Џип Авенџер на македонскиот пазар ќе му се придружи и близнакот Фиат 600 · Технички податоци, опременост, цени на Авенџер во нашиот онлајн-каталог со сите модели на автомобили на македонскиот пазар АВТОСАЛОН.МК

Jeep Avenger 1.2 Turbo 100 FWD Altitude

Претходна објаваМилиони автомобили Тесла во Кина со софтверска грешка, решението доаѓа по телефон
Следна објаваРекордна година за Ролс-Ројс, испорачани преку 6.000 автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here