Рекордна година за Ролс-Ројс, испорачани преку 6.000 автомобили

Ролс-Ројс ја заврши минатата година со рекордни 6.032 продадени автомобили. Во 2024 година, англиската мануфактура што има единствена позиција на автомобилскиот пазар одбележува 120-годишнина. Ролс-Ројс во меѓувреме има и целосно електричен авотмобил во понуда.

Големата промена што Ролс-Ројс ја направи минатата година со вклучувањето на електричниот Спектр и рекордниот број нарачки за изработка на возила по посебни желби беше само подготовка за големата година што ѝ претстои на марката од Кру. Основачите Чарлс Ројс и Хенри Ројс на 4-ти мај 1904 година го одржале првиот деловен состанок.

Автомобилите со фигурата на Емили врз ладилникот лани се продаваа добро насекаде ширум светот. Управата е посебно задоволна со големиот интерес за целосно електричниот Спектр. Тоа ги увери менаџерите во Кру во издржаноста на планот, за марката во претстојните години да преоѓа постепено на целосна понуда од електрични автомобили.

Кру во меѓувреме се подготвува и за новиот шеф. На местото на Торстен Милер Отвос доаѓа Крис Браунриџ, досегашен шеф на британскиот огранок на БМВ. „Како иден извршен директор, се наоѓам во исклучително среќна позиција да преземам одговорност за бизнис што е здрав, на силна основа и со јасна стратегија за раст и развој, одлични технички капацитети и фокусиран, посветен тим“, кажува Браунриџ.

Луксузната марка посебно се гордее со зголемениот обем на работа на одделението за посебни нарачки, каде што буквално се изработува автомобил по желба, настрана од вообичаените опции за бои, материјали или технички уреди. Барањата на купувачите во тој поглед растат, а соодветно на тоа расте и бизнисот на Ролс-Ројс. Низ светот се отвораат сé повеќе т.н. приватни канцеларии, односно службени простори што се вон салоните и продажните центри на марката, обично деловни апартмани во престижни објекти.

Во минатата година беа испорачани 6.032 автомобили Ролс-Ројс, сите изработени рачно во домот на марката во Гудвуд – и секој со барем една ставка изработена по посебна нарачка.

Популарните модели Враит и Дон си заминаа од производство, но затоа понудата од модели го доби целосно електричното купе Спектр. Првиот целосно електричен Ролс-Ројс во историјата привлече огромен интерес, главно меѓу помладите купувачи. Книгите со нарачки за Спектр се полни до 2025 година, тоа повеќе од доволно укажува на високата побарувачка за електричниот модел.

Лани беше одбележана 20-годишнина од преселувањето на производството на Ролс-Ројс во Гудвуд. Во тој период, фабриката учествувала со преку 4 милијарди фунти во британската економија. Лани беа отворени и 180 нови работни места.

Најпродаван модел е Кулинан, следи Гоуст, па знаменосецот Фантом.

Претходна објаваИталија ќе дава до 13.750 евра помош за купување електричен автомобил
Следна објаваЗависноста од дроги на Илон Маск нова главоболка за управниот одбор на Тесла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here