Резервациите за новата Тојота Ленд Крузер на Германците им се потрошија за 30 минути

Првите илјада примероци се потрошени, за следните контингенти веќе се пополнува список на чекање. Тоа ѝ се случи на новата генерација на Тојота Ленд Крузер, во земјата од којашто доаѓаат БМВ Икс7 или Ауди Ку7.

Рекордите на новата Тојота Ленд Крузер паѓаат уште пред автомобилот да се појави во живо на сцената. Германскиот увозник за Тојота, во четвртокот на 21-ви декември, во осум часот наутро почна да прима резервации за најновата генерација на легендата од терените.

Само половина час подоцна, менаџерите мораа да запрат со нарачките, затоа што целиот планиран контингент за првото услужување на германскиот пазар – број 1 во Европа – од 1.000 примероци, се потроши.

На заинтересираните купувачи сега им останува да ги остават своите податоци на формуларот на вебсајтот на Тојота во Германија и да чекаат да им дојде време.

Новата Тојота Ленд Крузер е конструирана врз класична цврста носечка рамка. Оваа основа се води како платформа ГА-Ф и дел е од т.н ТНГА-стратегија, којашто од темел ги смени гледиштата кон моделите на јапонскиот примус. Во споредба со претходната генерација, теренските својства повторно се унапредени. Рамката е покрута за 50 проценти, додека комбинираната крутост на каросеријата и рамката е зголемена за 30 проценти.

Прват во историјата, Крузер добива електрично сервоуправување, што ги смалува ненадејните нагли „удари“ врз воланот при возење на нерамен терен. Со тоа одат подиректна реакција и полесно маневрирање.

Така Тојота Дојчланд во средата го најави почетокот на резервациите за новиот Ленд Крузер, уште не претпоставувајќи каков ќе биде исходот – дури и цените уште не се познати

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Toyota Deutschland (@toyota_de)

Како вистински теренец, Крузер поседува можност за ползење, електронска блокада на диференцијал и комбинација од панорамски приказ што му помага на возачот да добие вистинска слика за просорот околу и под возилото.

Има место и за комфор, конективност и инфо-забава. Од нивото Егзекјутив нагоре, Ленд Крузер доаѓа со дигитални инструменти од 12,3 инчи, средишен дисплеј со истата големина и со најнов софтвер, аудио систем со 10 звучници и грејачи во предните седишта.

Повисоките нивоа Тек Едишн и Фрст Едишн располагаат со преден стабилизатор што се откачува (за да се задржи тракцијата кога едно тркало ќе се најде во голема вдлабнатина). Опременоста опфаќа уште тркала од 20 инчи, дигитален внатрешен ретровизор, ЏБЛ аудио систем со 14 звучници и проекциски дисплеј.

Претходна објаваЛанчиа на филм: „Трка за слава“ зборува за рели-дуелот со Ауди
Следна објаваКинески БИД ќе гради фабрика за електрични автомобили во Унгарија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here