за

Ланчиа на филм: „Трка за слава“ зборува за рели-дуелот со Ауди

По „Леман 66“ и „Гран Туризмо“ в година во кината пристига уште еден филм што е посветен на историјата на мотоспортот.

Филмот насловен „Трка за слава“ го обработува дуелот меѓу Ланчиа и Ауди во прочуената Група Б во светското првенство во рели во 1983 година. Прикажувањето на филмот се совпаѓа со враќањето на италијанската марка на светскиот пазар.

Пред четири децении, во врвот на релито се соочуваа два различни концепти. На едната страна Ланчиа Рели 037, со мотор со механички компресор и заден погон. На другата страна Ауди Кватро со мотор со турбо натполнење и со погон на сите тркала.

Првата целосна година во таканаречената Група Б се цени како една од највозбудливите во историјата на светското првенство во рели. Фабричкиот тим на Ланчиа, со прочуениот германски возач Валтер Рерл и неговиот сонародник Кристијан Гајстдерфер како совозач, победи на три релија, додека нивните фински колеги, Марку Ален и Илка Кивимаки триумфираа на две релија.

Пилотите на Ауди исто така победија петпати. Ланчиа ја освои титулата во првенството на конструктори. Италијанската марка со само два бода предност ја освои последната титула во светското првенство во рели за автомобил без погон на сите тркала.

„Трка за слава“ ги опишува случувањата во светското првенство во 1983 година. Фолкер Брух (Бабилон Берлин) ја толкува улогата на Валтер Рерл. Даниел Брил (На западот ништо ново) е во улога на тимскиот шеф на Ауди, Роланд Гумперт.

Дејствието се одвива околу тогашниот тимски шеф на Ланчиа, Чезаре Фиорио, кого го глуми италијанскиот актер Рикардо Скамаркио (Џон Вик: Второ поглавје) и околу германскиот возач Валтер Рерл. Светски шампион во 1980 и 1982 година, тој во 1983 година се префрли во Ланчиа, заедно со совозачот Кристијан Гајстдерфер.

Возачката умешност на Рерл, заедно со способните техничари, инженери и дизајнери, учествуваа во историското поглавје што го испиша Ланчиа. Титулата во конструктори во 1983 година за последен пат ја освои возило што не користеше погон на сите тркала. Тоа беше воедно и четврта од вкупно десетте титули што Ланчиа ги освои во рели.

Филмот се снимаше во Италија и Грција, на оригиналните патеки, како и на легендарната патека за тестирање во Балоко, на северот на Италија. Филмот ќе доживее светска премиера на 5-ти јануари.

Ланчиа ја претстави сериската изведба на Рели 037 на салонот на автомобили во Торино во 1982 година. Четирицилиндарецот вграден зад двете седишта користи механички компресор. Стандардниот модел постигнува 205 КС. Ланчиа произведе вкупно 200 примероци. Толку беа потребни за моделот да може да се хомологира за рели во групата Б.

Lancia Rallye 037

Тоа беше вкупно 37-ми проект на тркачкиот оддел Абарт, затоа и моделот го носи бројот 037. Основата потекнува од големосерискиот модел Ланчиа Бета Монтеларло, купе со средишно вграден мотор и спортски карактер. Каросеријата на Рели 037 е изработена целосно од пластика зајакната со стаклени влакна. Заедно со претходничката Стратос, Рели 037 е меѓу најпрепознатливите модели на Ланчиа.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen за малку во плус со продажбата во јули

Фолксваген треба да заштеди 10 милијарди евра до 2026 година

Резервациите за новата Тојота Ленд Крузер на Германците им се потрошија за 30 минути