Фолксваген треба да заштеди 10 милијарди евра до 2026 година

Volkswagen за малку во плус со продажбата во јули

Фолксваген ги скусува фабричките смени, го скусува и времетраењето на развојот на нови модели, се откажува од планираниот центар за истражување и развој во Волфсбург, сé со цел да се зајакне профитабилноста.

Концернот Фолксваген и моќните лидери на работничките синдикати се спогодија околу мерките преку коишто ќе се заштедат 10 милијарди евра, со намера матичната марка на целиот концерн да ја зголеми добивката.

Пакетот мерки вклучува забрзување на развојот и производството, скусување на трошоците за персонал и примена на поделотворна стратегија за набавка на суровини и компоненти.

Во објавата во вторникот, Фолксваген одреди колкава точно заштеда ќе се постигнува со секоја мерка посебно. Целта е да се заштедат до 10 милијарди евра до 2026 година и да се постигне маржа од 6,5 проценти. За првите девет месеци годинава, марката Фолксваген постигна добивка од 3,4 проценти.

Фолксваген планира да заштеди по 320 милиони евра годишно преку подобрувања во набавката, потоа да заработи дополнителни 250 милиони евра годишно преку оптимизација на постпродажбата и да заштеди по 200 милиони евра годишно преку скусување на времетрањето на производството на возилата.

Дополнителни 400 милиони евра годишно ќе се заштедат преку намалување на бројот на возила што се користат при развојот на нови технологии за 50 проценти. Место тоа, повеќе ќе се тестира по дигитален пат.

Сите овие мерки за скусување на трошоците се очекува да донесат 4 милијарди евра во деловните резултати на Фолксваген во 2024 година.

Доколку тоа е потребно, производителот на автомобили може да понуди и договори за селективно прекинување на работните договори во компанијата. На тој начин испразнетите работни места нема да се пополнуваат, за да се смали персоналот.

Во меморандум испратен до вработените во почетокот на декември, производителот на автомобили наведе дека планира трошоците за администрацијата за марката Фолксваген да ги скуси за една петина. Понатаму се наведува дека планот е до 2028 година да се заштедат милијарда евра преку скусување на времето за развој на нови модели од 50 месеци на три години, да се скуси времето на производство и да се откаже планираниот центар за истражување и развој вреден 800 милиони евра, во седиштето на марката во Волфсбург.

Фолксваген е прва марка во концернот што почнува со мерки за скусување на трошоците. Управата го нарекува тоа „програми за перформанси“, за инвеститорите да се уверат во кредибилитетот и финансиската стабилност на марката.

Германската марка три голем притисок во Кина, каде што неодамна ја загуби лидерската позиција од домашниот производител на електрични автомобили БИД.

Претходна објаваТД КАДИС одбележува 33 години од своето постоење
Следна објаваЛанчиа на филм: „Трка за слава“ зборува за рели-дуелот со Ауди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here