Без кинеските автомобили, пак остануваат 65 проценти од електричните автомобили што се во понуда на францускиот пазар, со право на субвенција од страна на државата.
Франција им ја отежнува продажбата на електричните автомобили што се произведени во Кина. Од 15-ти декември, француската држава повеќе не исплаќа државна субвенција за електричните возила што се увезени од Кина. Во повеќето случаи, висината на субвенцијата изнесува 5.000 евра.
Како последица од тоа, повеќе нема субвенции и за омилените електрични авотмобили во Франција, како што се Дачиа Спринг или МГ4. Од државната програма за помагање на купувањето електрични автомобили испаѓа и Тесла Модел 3. Тоа сепак не важи за Тесла Модел Ипсилон, што се произведува во Германија. Електричниот СУВ на Илон Маск до ноември беше најпродаван електричен автомобил во Франција, со 32.509 возила.
Министерот за економија Бруно Ле Мер при објавувањето на новите услови за субвенционирање порача: „Државата досега не земаше предвид, како се произведуваат автомобилите што се купени со бонусот. Поради тоа, стотици милиони евра народни пари се потрошија за возила со мошне лош ЦО2-биланс. Тоа заврши. За да се квалификува за бонусот, за секое електрично возило мора да постои доказ за ниско загадување на животната средина при производството и транспортот.“
Бонусот важи и натаму за сите електрични модели на Рено и за 24-те електирчни модели на концернот Стелантис. Со субвенциите се покриваат и некои електрични автомобили што се произедени во други држави од Далечниот Исток, како на пример Мазда М-Икс-30. Тојота би-зи-фор-крос не е опфатена затоа што го надминува ценовниот праг.
Остануваат две третини од сите модели што се достапни на францускиот пазар, за коишто и натаму може да се оствари правото на субвенција.
Нов услов е ЦО2-билансот
Исклучувањето на автомобилите што се произведени во Кина е постигнато со дополнителниот услов што го воведе владата. Ценовниот праг за возилата што може да се субвенционираат досега беше поставен на 47.000 евра, а тежината на 2,4 тони.
Дополнителниот услов е влијанието на билансот на ЦО2 во добавувачкиот ланец и во транспортот до конечниот купувач. За таа цел, владата осмисли систем на бодување, во којшто сега се опфатени билансот на ЦО2 во фабриката во којашто се произведува возилото и транспортот до конечниот клиент. Кина е слаба во оваа дисциплина, затоа што државата покрива 60 проценти од потребата од енергија од јаглен.
Државната помош ја добиваат само вработените со релативно ниски примања, што секој ден патуваат до своето работно место. Годишната заработка не треба да надминува 15.400 евра и за една година тие треба да поминуваат најмалку 8.000 километри до работното место (околу 15 километри оддалеченост).
Доколку се исполнуваат овие услови, државата секој месец им исплатува на вработените по 100 евра за лизинг на возило што ги исполнува условите за субвенционирање.
Модели за коишто и натаму важи субвенцијата
Abarth 500
Audi Q4 45 E-TRON
BMW 4er
BMW X
BMW iX1
BMW iX2
Citroën E-C4
Citroën E-C4 X
Citroën Ë-Berlingo
Citroën Jumpy Space Tourer
Cupra Born 150 KW 58/62 KWH
Cupra Born 170 KW 77/82 KWH
DS DS 3
DS DS 3 Crossback
Fiat E-Doblo
Fiat 500
Fiat 600
Fiat e-Ulysse
Hyundai Kona Electric
Jeep Avenger
Mazda MX-30
Mercedes EQA
Mercedes EQB
Mercedes EQT
Mini Cooper Electric
Nissan Townstar
Nissan Leaf
Opel Combo-e Life
Opel Astra Electric
Opel Astra Sports-Tourer Electric
Opel Corsa Electric
Opel Mokka Electric
Opel Zafira-e Life
Peugeot e-Rifter
Peugeot e-308
Peugeot e-208
Peugeot e-2008
Peugeot Expert e-Traveller
Renault Zoe
Renault Twingo
Renault Megane E-Tech
Renault Scenic E-Tech
Renault Kangoo E-Tech Electric
Skoda Enyaq
Skoda Enyaq coupé
Skoda Enyaq 80
Skoda Enyaq 60
Skoda Enyaq 80X
Smart Fortwo
Tesla Model Y
Toyota Proace City Verso Electric
Volkswagen Up!
Volkswagen ID.3 Pro 150 KW
Volkswagen ID.3 Pro 107 KW
Volkswagen ID.3 Pro 107 KW
Volkswagen ID.4 Pure 125 KW
Volkswagen ID.4 Pro 150 KW
Volkswagen ID.4 Pure 109 KW
Volkswagen ID.4 Pro 128 KW
Volkswagen ID.4 Pro 210 KW
Volkswagen ID.4 GTX 220 KW
Volskwagen ID.4 Pro 4MOTION 210 KW
Volkswagen ID.4 GTX 250 KW
Volkswagen ID.5 Pro 150 KW
Volkswagen ID.5 Pro 128 KW
Volkswagen ID.5 Pro 210 KW
Volkswagen ID.5 GTX 220 KW
Volkswagen ID.5 GTX 250 KW
Volkswagen ID.7 Pro 210KW
Volvo C40
Volvo XC40
















