Дизајнерската легенда Џуџаро вели дека Сајбертрак е „Пикасо меѓу автомобилите“

Прочуениот италијански дизајнер Џорџето Џуџаро ја нарече Тесла Сајбертрак „Пикасо меѓу автомобилите.“

Пикасо постигнал револуција во сликањето бидејќи бил храбар, кажува Џуџаро. „Тој беше уметник на декомпозицијата во реалноста.“

Слично е со извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој ги прекршил традиционалните очекувања за тоа како треба да изгледа пикап, изјави Џуџаро за високотиражниот италијански дневник ла Република.

Џуџаро е создателот на единствениот автомобил со каросерија од нерѓосувачки челик досега, на ДеЛореан ДМЦ 12 со крилести врати, што стана славен со неговото појавување во филмскиот серијал Назад во Иднината.

Џуџаро е убеден дека Сајбертрак би можело да се покаже како голем успех.

„Тој ќе биде псоебно успешен, затоа што луѓето сакаат да се издвојат. Тој не ја застапува потрагата по хармонија и перфекција, туку потрагата по емоции и робусност“, објаснува славниот дизајнер и татко на првиот Фолксваген Голф.

Неговиот син Фабрицио, исто така е дизајнер и даде одлични оцени за Сајбертрак – но тие не се однесуваат на впечатливиот и непогрешлив изглед.

„Му искажувам поддршка на Илон Маск за тоа што е храбар и ја разбира потребата на луѓето да се разликуваат,“ кажува Фабрицио.

 

Претходна објаваСтудија: Три месеци се решава околу изборот на нов автомобил
Следна објаваФранција не исплаќа субвенции за кинеските автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here