Хјундаи ја продава фабриката во Русија за 102 евра

Јужнокорејскиот производител на автомобили Хјундаи е пред продажба на своите производствени погони во Русија по симболична цена.

Управата ја одобри продажбата на Хјундаи Мотор Мануфактуринг Рус (ХММР) во Санкт Петерсбург на Арт-Фајненс ЛЛЦ. Веста во вторникот ја соопшти Хјундаи. „Хјундаи ги врши последните спогодби со Арт-Фајненс околу поединостите на зделката.“ Куповната цена изнесува 10.000 рубљи, што одговара на 102 евра, соопштија од седиштето на компанијата во Сеул.

Според соопштението од Хјундаи до берзата, продажбата треба да биде довршена до 28-ми декември. Договорот вклучува и можност за откуп. Групацијата на Киа и Хјундаи Мотор се вбројува меѓу десетте најголеми производители на автомобили во светот.

Лентите во главната фабрика на ХММР, што бешпе отворена во 2010 година, мируваат уште од минатата година. Според пишувањата на јужнокорејските медиуми, Хјундаи во фабриката произведувал по 200.000 возила годишно.

Според информациите од централата од Сеул, управата решила да ја продаде и напуштената фабрика на Џенерал Моторс во Санкт Петерсбург. Јужнокорејците ја презедоа фабриката со годишен капацитет за 100.000 возила пред три години, но таа никогаш не проработе.

Арт Фајненс е под контрола на групата дилери Авилон. Тие се сопственици на акции и во фабриката на Фолксваген во Русија.

Со продажбата на фабриката, Хјундаи губи преку 200 милиони евра

Гласините за можната продажба и повлекувањето на бизнисот на Хјундаи поради ситуацијата со Украина кружеа веќе подолго време. Хјундаи уште во март најави дека проверува разни можности во врска со производството во Русија.

Претходна објаваФранција не исплаќа субвенции за кинеските автомобили
Следна објаваТД КАДИС одбележува 33 години од своето постоење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here