Турција најде иљач за увозот на евтини електрични автомобили од Кина

БИД Ато 3 е најпродаван модел на кинескиот електро-гигант во Европа

Турција воведува услови за увозот на евтини електрични автомобили од Кина. Тоа следи, откако и ЕУ отпочна истрага за субвенциите, што кинеските производители ги добиваат од државата, за да можат евтино да ги извезуваат своите електрични автомобили.

Компаниите што увезуваат електрични автомобили во Турција мора да имаат најмалку 140 овластени сервисни работилници, што рамномерно се распространети ширум земјата, и мора да отворат контакт центар за потрошувачи за секоја марка. Тоа е наведено во декретот што туското министерството за трговија го објави во минатиот месец.

Овој посебен пропис се препознава како мерка за одбрана од увозот на евтини кинески автомобили.

Од декретот се изземени увозните стоки од ЕУ и од земјите што имаат потпишано договор за слободна трговија со Турција.

Увозниците имаат рок да ги исполнат барањата до завршетокот на месец декември, што за повеќето е невозможна мисија.

Ненадејната пресвртница претставува удар врз компаниите што учествуваат во продажбата на кинески автомобили во Турција, којашто е шести најголем пазар за автомобили во Европа.

Тие бараат законот да се измени или барем да се одложи неговата примена, за строгите услови да не влијаат толку ограничувачки врз бизнисот.

„Овие правила се толку строги, што ниту една марка во моментов не може да ги исполни“, кажа Ерол Сахин, извршен директор на консултантската компанија ЕБС.

Најголемиот проблем е во тоа што се бара увозниците сами да организираат сервисни работилници, што ќе им ги усложни договорите со компаниите што настапуваат како трета страна, објаснува Сахин.

Расте популарноста

Електричните автомобили стануваат сé попопуларни во Турција, меѓу другото благодарение на достапните цени на кинеските марки, како и почитта кон домашниот производител на електрични автомобили Тог и неодамнешниот почеток на продажбата на Тесла.

Продажбата на електрични автомобили во периодот до ноември годинава се зголеми речиси десеткратно во споредба со лани. Тие учествуваат со 7,1 проценти во вкупната продажба на автомобили во Турција годинава.

Новите правила имаат за цел да се воспостави ред во индустријата што брзо се развива и да се овозможи нејзино напредување во контролирани услови, изјавија за Блумберг владини лица во Анкара.

Не се планира менување на законите или одложување на нивната примена, кажуваат од владата.

„Тоа ќе биде штета, доколку намерата е Тог да продаде неколку илјади автомобили повеќе,“ додава Сахин од ЕБС.

„Тог исто така треба да се соочи со конкуренција на домашниот пазар, за да продолжи да се развива.“

БИД, кинеска автомобилска компанија што продава најмногу возила, планира да организира мрежа од овластени сервисни работилници и потпишува договори со дилерите, за на купувачите да им обезбеди услуга, кажува Исмаил Ергун, генерален директор на БИД Турција.

„Доколку законите се применат како што е планирано, увозот ќе мора со месеци да чека на граница“, кажува Ергун.

„Замислата на законот е правилна, затоа што има за цел да ги заштити корисниците,“ посочува Каган Дагтекин, извршен директор на Доган Тренд Отомотив, коишто продаваат возила од МГ, марка на кинескиот САИЦ Мотор.

„Сепак мора да се внимава да не се фрли бебето заедно со водата од миењето. Мора да се почитуваат законите за конкурентност и чесен пристап кон постоечката дилерска мрежа.“

Кина е најголем увозник во Турција и стоката од азиската земја придонесе за трговскиот дефицит до ноември да се зголеми на близу 100 милијарди долари.

Увозот на патнички автомобили учествува најмногу во зголемувањето на дефицитот.

Втората најголема економска сила во светот во првите десет месеци од 2023 година продаде во Турција електрични автомобили во вредност од 184 милиони долари. Тоа е речиси двојно повеќе во споредба со цела 2022 година.

Турција во почетокот на годината додаде царина во висина од 40 проценти за увозот на електрични автомобили од Кина, со што вкупната царинска стапка се зголеми на 50 проценти.

 

Претходна објаваЕлектричен Масерати поевтин од бензински Масерати
Следна објаваНекогаш 1000 МБ, денес Ениак: И Шкода ја стартува електричната ера во МК

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here