За 88 години и два месеци: Тојота произведе 300 милиони возила

Покрај 40-те новинарски прашања на коишто одговараше Акио Тојода и големите најави за идните електрични модели, Тојота го одбележа и 300-милионитото произведено возило.

За тристоте милиони возила не се прави многу врева во компанијата со седиште во Тојота Сити. Повеќе внимание се придава на тоа што Акио Тојода, човекот што ја донесе Тојота до насловот на светски број 1, го кажа одговарајќи на 40-те прашања што новинарите му ги поставија за време на Јапан Мобилити Шоу.

Слична важност им се придава и на новитетите што корпорацијата Тојота ги прикажа на настанот што јапонските производители повторно ги става во светлото во коешто светот ги познава, како иноватори и храбри револиционери во автомобилската бранша.

Секако дека за „остатокот“ од светот, бројката од 300 милиони нема да биде пропуштена како повод за големи прослави и огномети. Меѓутоа, за Тојота и за јапонскиот начин на постоење, тоа е секојдневен бизнис. Исто беше и со 50-те милиони на Корола, најпроизведуваната, и нормално, најпродавана моделска серија во историјата.

Округлиот јубилеј следи по 88 години и два месеци откако стартуваше производството на возила во Тојота. Во август 1935 година, камионот Г1 излезе од фабриката како прво возило на Тојота. Со 53,4 милиони примероци, до септември, од Корола се произведени најмногу возила.

[the_ad id=”73735″]

Пред 88 години, Тојота Мотор Корпорација беше само автомобилска дивизија на Тојота Аутоматик Лум Воркс Лтд, подоцна Тојота Индастрис Корпорејшн. Светот одамна го знае тоа, Тојота почна како компанија за производство на разбои, во 1892 година.

Во јапонските фабрики на Тојота се прозведени вкупно 180,52 милиони возила, додека од странските фабрики излегоа 119,6 милиони возила.

Акио Тојода, до неодамна извршен директор на Тојота Мотор, денес претседател, зборуваше по овој повод:

„Кичиро Тојода кажа, ‘Возењето автомобил е нешто што сите го прават заедно’. Ценам дека бројот од 300 милиони е доказ за напорната работа, што нашите колеги во Тојота, нашите добавувачи и дилери, и сите останати, го постигнуват секојдневно.“

Оваа историја не почна со изработката на првото возило. Основачите долго се обидуваа и утнуваа, правеа нови прототипи – нивните напори доведоа до денешната Тојота. Се соочувавме со секакви премрежиња. Тоа што секогаш нé спасуваше, тоа се клиентите, коишто ги сакаат нашите автомобили. Големиот број на возила ги раскажува приказните на нашите клиенти. Овие клиенти ни овозможуваат да произведуваме автомобили до денес. За тоа сум благодарен со цело срце. Ние ќе продолжиме да произведуваме автомобили – заедно со сите наши колеги, кои ги сакаат автомобилите.

Акио Тојода, претседател на Тојота Мотор

Тековниот извршен директор Коџи Сато, дојден од местото на шеф на Лексус, додава за големиот настан: „Ние сакаме да произведуваме сé подобри автомобили и на клиентите да им предизвикаме насмевка.“

Претходна објаваНовата Порше Панамера со кокпит како Тајкан, сé е на волан
Следна објаваШведски пристанишни работници одбиваат да растовараат Тесла од бродовите

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here