Поранешен главен дизајнер на Volkswagen ќе креира за кинески Changan

Клаус Зикиора, екс Бишоф, поранешен главен дизајнер за целиот концерн Volkswagen, ќе работи за Changan.

Кинескиот производител Changan Automobile го именуваше поранешниот раководител за глобалниот дизајн на концернот Volkswagen, за потпретседател со одговорност за глобалниот дизајн на возила.

Зикиора, 62, почна да работи за Volkswagen во 1989 година, како дизајнер за внатрешното уредување на возилата на VW. Тој во 2020 година беше назначен за шеф за глобалниот дизајн на сите марки на концернот Volkswagen, откако во претходниот период, почнувајќи од 2007 година, раководеше со дизајнот на автомобилите на марката VW.

Зикиора во декември 2022 година беше заменет на местото на прв дизајнер на концернот VW од главниот дизајнер на Porsche, Михаел Мауер.

Changan е компанија со седиште во градот Чунцин на југозападот на земјата и поседува центри за дизајн во Чунцин, Минхен, Торино и Јокохама.

Државната кинеска компанија произведува лимузини, кросовери, СУВ, повеќенаменски возила и минибуси под различни марки.

Компанијата има и заеднички инвестиции за производство на автомобили со Ford и Mazda.

 

Претходна објаваToyota и партнерите: Тркачко баги со погон на водород ќе вози на Рели Дакар
Следна објаваОд стотина производители на електрични автомобили во Кина, третина продаваат под 500 возила за квартал

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here