Првата рафинерија за литиум во Европа ќе произведува литиум што е наменет за изработка на батерии, за покривање на потребите за околу 850.000 електрични автомобили годишно.
Зелено светло за првата голема фабрика за литиум во Европа. Хемиската компшанија Livista Energy, со седиште во Луксембург, доби одобрение за отпочнување со изградбата на рафинерија за литиум во близина на германскиог град Емден, во месноста Вибелзумер Полдер.
Во соопштението од компанијата стои дека директорите Даниел Блор и Штефан Класен, како и операторот со 15 пристаништата на Долна Саксонија, потпишале договор за наем на земјиштето.
Рафинеријата на Livista се очекува да почне со производство во 2026 година. Во почетокот ќе се произведуваат до 40.000 тони продукти од литиум годишно, со квалитет за изработна на батерии (30.000 тони литиум хидроксид и 10.000 тони литиум карбонат LCE). Тоа е доволно да се покрие потребата за околу 850.000 електрични возила. По потреба, производствениот капацитет може да се удвои, соопшти компанијата.
Планиран е висок удел на примена на обновлива енергија
Со рафинеријата ќе се затвори „критичната празнина за европските синџири за снабдување за електрични возила и батерии“. Сите рафинерии за литиум во моментов се лоцирани во Азија, нагласуваат од Livista Energy. Фабриката ќе преработува лутиумска руа во литиум што е наменет за батерии.
Од морското пристаниште во Емден ќе се снабдува со литиум растечката индустрија за електрични возила на Европа. „Со изборот на Германија, како држва со многу јасна политика во насока на електрификацијата и производството на батериски ќелии, ќе добиеме покуси, почисти и поодржливи синџири за снабдување, како и отпорност (на глобални промени во снабдувањето)“, напоменува директорот Даниел Блор. За изборот на локацијата влијаеше и високиот удел на обновлива енергија.
Како изгледа градското „секојдневие“ со електричен автомобил, тестиравме летово со електричната Toyota bZ4X
Според компанијата, новата постројка ќе биде во состојба да ги праработува сите видови извори на литиум, вклучувајќи сподумен од Австралија и Африка, золен од Јужна Америка и нус производи на литиум (литиум сулфат или литиуим карбонат со технички квалитет) од рециклирани материјали од батерии.
















