Заради реализирање и имплементирање на дејност од јавен интерес, компаниите Ауто Валис Дистрибјушн и Аутомобили Гроуп, регионалниот увозник заедно со дистрибутерот на возилата Jaguar и Land Rover, отстапија на користење нов Land Rover Defender Hard Top N1 на Центарот за управување со кризи.
Целта е да се помогнат теренските активности на Центарот за управување со кризи во случаите на справување со природни непогоди како пожари или поплави.
Центарот за управување со кризи е инстутуција надлежна за превенција, рано предупредување и справување со кризи меѓу кои и спасување на загрозени лица од непристапни терени во тешки временски услови, затоа Land Rover Defender ќе биде најиздржливиот и еден од најспособните сојузници на вработените на ЦУК.
Годишно тие имаат над 100 интервенции низ државата. За полесно да одговорат на сите предизвици ќе имаат на располагање Land Rover Defender Hard Top N1.
Оваа иницијатива е дел од еден поширок регионален и долгорочен проект. Land Rover Defender е возило кое може да стигне до сите терени, па во рамките на проектот веќе е отстапен за помош и користење на служби и организации за спасување во регионот, а отсега и во Македонија.
View this post on Instagram
















