Сите стартап-компании што се подготвени да ги комерцијализираат своите идеи за енергијата, за кружната економија, за карбонската неутралност, за паметните заедници и за масовни решенија за мобилност, добија доверлива адреса на којашто можат и треба да се обратат – Toyota.
Европскиот огранок на Toyota го отпочна новиот проект наречен Toyota Open Labs, којшто е осмислен како отворена платформа, преку којашто стартап-компаниите со важни иновации ќе се поврзуваат со соодветните работни единици во рамките на целата групација Toyota. Тоа значи дека секоја вредна група генијалци и визионери, коишто обично стојат зад стартап-компаниите, од Toyota ќе добие стручна, и уште поважно, финансиска помош, за да ги оствари своите иновации.
Мисијата на Toyota е тие иновации да се доразвијат и да се доведат до фазата кога ќе може да се понудат на пазарот, а големата цел е светот да премине на следното ниво на мобилност – во коешто посебно се внимава на одржливоста и на климата.
Toyota Open Labs ги повикува стартап-компаниите коишто делуваат во следните пет категории:
Енергија
Технологии и системи за поддршка на енергетската транзиција, економија на водород, балансирање на дистрибутивна мрежа, управување со енергија, паметно полнење и префрлување на енергијата од електричните возила кон дистрибутивната мрежа.
Кружна економија
Технологии и системи што овозможуваат сервисирање, рециклирање и повторна примена на возила и батерии
Карбонска неутралност
Технологии и системи што на компаниите и на општеството им помагаат да ја смалат емисијата на карбон, како и дигитализација што ќе овозможи транспарентна процена на животниот век
Паметни заедници
Нови деловни модели и решенија за развој и поддршка на паметни заедници, преку заедничко користење на возилата, претплатнички модели на користење на возила и центри за мобилност
Мобилност за сите
Решенија со достапна цена, со коишто се надминуваат пречките за мобилноста, се закајнуваат системите за мобилност и се мобилизираат заедниците со ниска емисија на карбон, земајќи ги предвид потребите на општеството што е во стареење и применувајќи конструкции што се применливи за сите
Како главни партнери на стартап-компаниите што ќе бидат поддржани преку Toyota Open Labs се издвојуваат Toyota Tsusho Europe – огранок на групацијата Toyota што тргува и набавува компоненти од добавувачите, KINTO Europe – марката за мобилност на Toyota, Woven Capital – инвестициски фонд за поддршка на иновациски стартап-проекти, како и Toyota Mobility Foundation – непрофитна фондација на Toyota.
Стартап-компаниите што ќе бидат избрани по отворениот повик, понатаму ќе имаат можност да се приклучат во разни мрежи од советници и ментори, да увидат нови можности за развој, да ги унапредат својата бизнис стратегија и привлечноста за инвестирање, да ги усовршат своите производи и да воспостават соработки којашто ќе имаат глобално влиијание.
На учесниците ќе им биде понудена можност со помош на Toyota да развијат Proof of Concept, да истражуваат начини за да излезат на пазарот и да воспостават соработка со екосистемот на Toyota. Сите учесници ќе добијат помош при развојот и можност својата технологија да ја прикажат на Демо Денот, за време на Параолимпијадата во Париз во 2024 година.
Пораките од менаџерите на петте ограноци на Toyota што се главни партнери во Toyota Open Labs
Доколку сте стартап посветен на решавање на одржливоста во иднината и на предизвиците за мобилноста, Toyota Open Labs е вистинското место за вас. Toyota развива системи за мобилност што на одржлив начин го менуваат начинот на којшто живееме, работиме и влијаеме во глобални размери. Toyota Open Labs претставува единствена можност, за храбрите стартап-визии да се преточат во стварност, преку непроценливата поддршка од нашиот иновациски екосистем.
Кајли Хименез
SVP People, Tech & Corporate Affairs, Toyota Motor EuropeНадминувањето на предизвиците за мобилноста и одржливоста се клучни проблеми што заслужуваат да се најдат на најголемите бини во светот. Раздвижениот европски екосистем на иновации во овие подрачја претставува огромен потенцијал и се радуваме на сорабоката со стартапите, на коишто ќе им помогнеме своите возбудливи проекти во рана фаза да ги преточат во широко применливи решенија.
Џорџ Келерман
VP of Investments & Acquisitions at Woven by Toyota and Managing Director of Woven CapitalМисијата на Kinto, да се забрза преоѓањето на Toyota во компанија за мобилност не може да биде постигната без учество на надворешните партнери, што ја имаат истата мисија и стратегија за трансформација. Целосно новата платформа Toyota Open Labs е совршено место за стартапите да се спојат со нас во оваа историски клучна транзиција.
Мигуел Фонсека
CEO KINTO EuropeРаководејќи се според филозофијата на делување на групацијата Toyota Tsusho – да се живее и напредува заедно со луѓето, заедницата и планетата – нашата цел е да станеме „Be the Right ONE”. Во нашата средина што се менува брзо, каде што одржливоста и кружната економија се новата нормалност, безрезервно ги поддржуваме иницијативите како Toyota Open Labs, со коишто се донесуваат нови идеи, моќи и залет, за да се негува псоебноста на нашата групација.
Лорен Галоа
Head of Business Development at Toyota Tsusho EuropeToyota Mobility Foundation има голема визија, „Да се создаде уште подобра мобилна заедница“ и реализира проекти заедно со општините, непрофитните организации, локалните заедници, универзитетите и иноваторите во Јапонија, Европа, Азија, Америка и Африка. За оваа визија да живее, им помагаме на стартапите со иновативни идеи, коишто ќе ни помогнат да изградиме иднина што е инклузивна, одржлива и без карбон. Платформата Toyota Open Labs претставува одлична можност да се посегне по нови идеи и визии за иднината на мобилноста, од стартапите ширум Европа.
Моника Перез Лобо
Director Toyota Mobility Foundation Europe
Сите информации околу платфромата Toyota Open Labs, вклучувајќи ги начините за поднесување пријава за учество во програмата, достапни се на toyotaopenlabs.com.
















