Volkswagen сам ќе си набавува микрочипови за да избегне идни кризи

Концернот Volkswagen во иднина ќе набавува директно од Infineon, Analog Devices и останати производители на микрочипови.

Концернот Volkswagen ја организира одново набавката на електронски компоненти и микрочипови. Со реорганизацијата, Волфсбург ќе обезбеди сигурно снабдување во подолг рок.

Волфсбург има нова стратегија за набавка на делови што содржат електронски компоненти. Volkswagen во иднина ќе преговара директно со производителите на микрочипови, место да се потпира на своите добавувачи од најтесниот круг. „За полупроводниците што се од стратешка важност, а во иднина и за компонентите што концернот ќе ги развива самостојно, се потпираме на директна набавка кај производителите на полупроводници“, изјави Дирк Гросе-Лоајде, шеф за набавки за марката Volkswagen и член на поширокото раководство на концернот.

Шефот: „Поголемата транспарентност во синџирот за набавка на полупроводници и точното сознание за компонентите што се користат, ќе ни овозможи подобро да одредиме колкава е потребата за овие конструкциски делови во светски рамки, како и достапноста на истите.“ На тој начин уште во најраната фаза ќе може да се препознае кога настанува тесно грло во снабдувањето со одредени компоненти и да се регира навреме за да не дојде до прекин во производството.

По пат на потесна и партнерска соработка со добавувачите од најтесниот круг, концернот во иднина ќе има точен увид при набавката, за тоа кои полупроводници и останати електронски компоненти се користат. Во минатото, електронските компоненти се набавувале готови, како на пример контролните единици, и на добавувачите од најтесниот круг (Tier 1) целосно им било препуштено кои компоненти да ги користат.

Новата стратегија важи за сите марки. За таа цел се организира т.н. Semiconductor Sourcing Committee (SSC), со менаџери од набавката и од развојот на марките на концернот, менаџери од Volkswagen Group Components, како и од застапници на сопствената софтверска куќа Cariad.

Како предности, шефот за набавка на микрочипови и член на управниот одбор на Skoda, ги наведува: „Транспарентност за сите полупроводници, така што во случај на тесно грло ќе може побрзо да се изнајдат технички алтернативи. Смалување на разновидноста во хардверот, што понатаму води до помалку комплексен софтвер.“

Полупроводниците се неизоставни во автомобилската индустрија, и во екот на дигитализацијата, како и електрификацијата на автомобилите, тие добиваат уште поголема важност

Додека во 1978 година, во контролната единица во Porsche 911 се вградуваа само осум полупроводници, денешна Skoda Enyaq со околу 90 контролни единици, има потреба од 8.000 електронски компоненти што се вградени во истите.

Концернот Volkswagen во иднина ќе набавува директно од Infineon, Analog Devices и останати производители на микрочипови.

Претходна објаваПатување со Porsche, издание 2023: По возење Porsche се зборува многу тивко
Следна објаваВо Хамбург пуштен погон за рециклирање батерии од електрични автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here