Системот за складирање енергија во батерии (Battery Energy Storage System, BESS) ќе помогне производството на струја во Обединетото Кралство да го намали карбонскиот отпечаток. Системот ќе помага и да се надминат периодите на врвно оптоварување на струјната мрежа.
Триесет батерии од Jaguar I-Pace ќе складираат до 2,5 мегаватчасови енергија, што е доволно за покривање на дневната потрошувачка на 250 домаќинства. Користењето на старите батерии од електричните возила е дел од намерата на JLR да воведе кружна економија. Британците се раководат според начелото – користи помалку, користи подолго, користи повторно.
Големата амбиција на JLR е да постигне карбонска неутралност до 2039 година. За таа цел ќе се вршат зафати во синџирот на набавки, во производите и во работењето на компанијата.
Партнер на JLR во овој проект е Wykes Engineering Ltd, лидер во енергијата од обновливи извори. Во еден „BESS“ на Wykes Engineering се користат 30 стари батерии од Jaguar I-PACE, со капацитет до 2,5 MWh. Батериите, конкретно, потекнуваат од прототипи и од тест-возила што биле користени во најразлични цели во JLR. Според тоа, не станува збор за „фамата“ дека батериите на електричните автомобили треба да се фрлат во отпад по десет години.
До завршетокот на годинава, JLR ќе го зголеми капацитетот на батериите на 7,5 MWh – доволно за 750 домаќинства да се снабдуваат со струја секој ден
Секој BESS е поврзан со напреден инвертер, заради зголемување на ефикасноста и управуање со енергијата. Струјата може да се насочи директно во националната мрежа, во време кога е преголемо оптоварувањето на истата.
Нема потреба од преправки и правење сложени конструкции – батериите едноставно се отстрануваат од Jaguar I-Pace и се поставуваат на „регалот“, по што системот е подготвен за работа
We have developed one of the largest energy storage systems in the UK, with Wykes Engineering to harness solar and wind power using second life car batteries.
It helps balance the grid by supplying power during peak hours and storing power during off-peak hours for future use. pic.twitter.com/uw6bPVhfS0— JLR (@JLR_News) August 23, 2023
Според предвидувањата, снабдувањето со енергија складирана во стари батерии, може да надмине 200 гигаватчасови до 2030 година, вредни преку 30 милијарди долари
Спротивно од заблудите, батериите на електричните автомобили не пропаѓаат и не се распаѓаат по десетина години, туку капацитетот им опаѓа на 70 до 80 проценти од првичната вредност, по што подолго време се задржува на таа вредност. Дури потоа следи рециклирање, за искористување на скапоцените материјали.
















