Geely ги објави финансиските резултати од првото полугодие, коишто ги надминуваат очекувањата. Со тоа, кинескиот производител остана непогоден од ценовната војна којашто продолжува во браншата.
Вкупниот приход се зголемил за 1 процент, на 1,57 милијарда јуани (215 милиони долари) во првите шест месеци од годината. Аналитичарите предвидуваа приход од 1,51 милијарда јуани.
Прометот се зголеми за 26 проценти и достигна 73,18 милијарди јуани.
„Падот на цената на литиум карбонатот во првата половина од годината резултираше со намалување на цените на батериите. Тоа имаше позитивно влијание врз контролата на трошоците на електричните возила“, се наведува во соопштението од компанијата.
„Бруто профитната маржа на групацијата сепак трпи влијание од преоѓањето на електрични возила и од заострената конкуренција на автомобилскиот пазар“, стои понатаму во соопштението.
Ценовната војна ги присили повеќето производители да ги скусат цените на одредени модели. Бруто маржата на Geely остана на 14 проценти, и покрај зголемувањето на прометот и намалувањето на цените на суровините за батерии.
While Musk parties in Japan, Tesla avoids auto shows in China because it has no new models to show off, unlike China’s Zeekr 001 (640 mile range) made by Geely (which owns Volvo and Lotus) looks like a Tesla — ie if $TSLA had not given up trying… pic.twitter.com/soJFFXdbM4
— Facts Chaser 🌎 🤦🏻♂️ (@Factschaser) August 20, 2023
За тоа придонесува и вложувањето во развој на електрични автомобили, додека Geely прави напори да го забрза преоѓањето на електричен погон. Целта е да се престигнат конкурентите, како Tesla и BYD, иако компанијата ги намали инвестициите во тоа подрачје во споредба со минатата година.
Вкупните трошоци за истражување и развој беа намалени за 8 проценти, на 3 милијарди јуани.
Продажбата на батериски електрични и приклучни хибридни автомобили во првото полугодие се зголеми за 44 проценти. Тоа е поголем раст од просекот на пазарот, којшто забележа напредок од 37 проценти.
Главниот двигател на продажбата е премиум марката Zeekr, чијашто продажба во првите шест месеци се големи за 124 проценти.
Иако ослабнатата економија фрла сенка врз прогнозите за продажбата на автомобили во втората половина од годината, во Geely остануваат оптимистични дека ќе ја достигнат целта, да продадат 1,65 милион возила. До завршетокот на јуни, кинескиот производител испорача 694.045 возила.
















