Mercedes-Benz Trucks одликуван за рекламите за електричниот eActros

Музичкиот спот насловен „The Sound of Tomorrow“, за верзијата на електричниот камион Mercedes-Benz eActros Long Haul, го убеди жирито на ценетиот Art Directors Club (ADC), во изборот за 2023 година, во категоријата на достигнувања во комуникацијата и креирањето.

Рекламата со мошне футиристички дух го привлече вниманието и на натпреварот Best of Business to Business (BoB) што го организира германското здружение на рекламни агенции.

Музиката во наградуваниот видеоспот е компонирана посебно за eActros LongHaul, при што се користени и бројни вистински звуци што ги произедува електричниот камион.

Mercedes-Benz Trucks првпат го прикажа eActros LongHaul во форма на прототип на салонот за транспорт ИАА во Хановер во 2022 година.

Електричниот камион ќе почне со сериско производство во 2024 година, како eActros 600. Со полна батерија, оваа дополнителна изведба во гамата на eActros ќе минува до 500 километри.

Претходна објаваJeep ги додава бензинските изведби на Avenger во Германија, Франција, Англија
Следна објаваEV6 во салон во Скопје: Оваа Kia е брза како струја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here