Jeep ги додава бензинските изведби на Avenger во Германија, Франција, Англија

Jeep ја смени пазарната стратегија за новиот Avenger и сега ќе го нуди градскиот СУВ и во бензинската изведба на сите поголеми пазари во Европа. Првичната замисла беше Jeep Avenger да се продава исклучиво во изведбата со целосно електирчен погон на пазарите како Германија, Франција и Обединетото Кралство.

Марката на Stellantis што е специјализирана за теренски возила го претстави својот најмал модел на салонот во Париз во октомври, во целосно електрична изведба. Во тоа време, производителот планираше верзијата со бензински мотор да ја продава само во Италија и Шпанија, каде што продажбата на електрични возила напредува побавно.

Откако во април започна продажбата на Avenger, Jeep ја додаде бензинската изведба и во Полска. Таму воедно се произведува моделот, во фабриката на Stellantis во Тихи, југозападно од Варшава.

Jeep во јуни реши да ги отвори нарачките за бензинската изведба во Франција и Германија, откако менаџерите открија дека таму дивите увозници ги нудат моделите со мотор со внатрешно согорување по многу повисока цена и со голема заработка. Бензинскиот Avenger месецов ќе стартува со продажба и во Обединетото Кралство.

Одлуката да се прошири понудата со бенизнскиот Avenger од компанијата ја објаснуваат како „прагматична“ и со неа не се менува одреденоста на марката, за во Европа да премине на понуда од исклучиво електрични модели по 2030 година. Тоа го напоменува извршниот директор на Jeep за Европа, Ерик Лафорж.

Jeep Avenger е актуелен носител на титулата на Европски автомобил на годината

Со овој потег се заштитуваат овластените дилери на Jeep, коишто ги губеа потенцијалните купувачи, кажува Лафорж. Исто така се заштитуваат и купувачите, затоа што им се обезбедува сервисирање за нивните возила.

Наоѓање рамнотежа меѓу понудата на електрични и бензински модели

Stellantis не е единствениот концерн од големоволуменскиот сегмент, што се соочува со предизвикот да постигне добра рамнотежа за целосно електричните и бензинските/дизел моделите на европскиот пазар.

Претседателот на Toyota, Акио Тојода, неодамна изјави дека ги цени батериските електрични автомобили, меѓутоа посочи дека голем дел од светот не е подготвен да се префрли на целосна електрификација.

„Гледано во светски рамки, постојат околу 1 милијарда жители што ќе бидат во нашиот круг на купувачи и што нема да имаат на располагање доволна инфрастуктура од полначи. Затоа, ако кажеме дека BEV (батериски електрични возила) се единствена опција што треба да ја следиме, што ќе се случи со тие жители што немаат доволна инфрастуктура од полначи?“ праша Тојода.

Само eдно ниво на опрема за бензинскиот модел

Лафорж кажа дека Jeep нуди само едно ниво на опрема – Altitude – за Avenger со 1,2-литарски бензинец. Тој се нуди по иста цена ширум Европа (без локалните давачки) со цел да се спречи трговијата меѓу државите.

Во Германија, бензинскиот Avenger чини 27.000 евра, што е 10.000 евра под најосновната верзија на електричниот модел. Во нивото Altitude, електричниот Avenger чини 42.000 евра на германскиот пазар.

Во Италија, бензинскиот Avenger се нуди во три нивоа на опрема, наспроти четири нивоа за електричниот модел.

„Нудиме ограничени количини од бензинскиот Avenger во Франција, Германија и Обединетото Кралство, и очекувам дека тој ќе се продаде во неколку илјади примероци годинава,“ цени Лафорж.

Jeep кон завршетокот на годинава ќе започне со извоз на електричниот Avenger во Мароко, Турција, Јапонија и Јужна Кореја. Не се планира продажба во САД и Кина.

Од јануари до мај, Jeep продаде 7.214 примероци од Avenger во Европа, според податоците на Dataforce. Од нив, 6.252 биле бензински модели, додека 962 биле целосно електрични возила. Околу три чевртини од вкупната продажба на Avenger отпаѓаат на Италија.

Во првите пет месеци од годината, моделите од Б-СУВ сегментот постигнаа раст од 17 проценти во продажбата, со вкупно 867.017 возила. Притоа побарувачката за BEV-моделите се зголемила за само 9,2 проценти.

Концернот Stellantis нуди уште два модели во сегментот, Peugeot 2008 (10.070 продадени примероци) и Opel Mokka (9.619 примероци).

Jeep Renegade ќе се нуди паралелно со Avenger

Претходна објаваDacia подготвена да одговори на кинеската инвазија
Следна објаваMercedes-Benz Trucks одликуван за рекламите за електричниот eActros

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here