Концернот Stellantis нема планови да ја пресели продукцијата на електричниот Peugeot e-208 од Шпанија во Франција, и покрај притисокот од страна на француските власти да се зголеми бројот на модели што се произведуваат во земјата. Тоа го изјави извршниот директор Карлос Тавареш во интервјуто што беше објавено во средата.
„Економската равенка за посоченото преселување на овој проект, нема да биде во интерес ниту на компанијата, ниту на земјата, кажа Тавареш во интервјуто за францускиот дневен весник Ле Фигаро.
Електричните возила се поскапи од возилата што користат бензин или дизел, а европските производители бараат начини да произведуваат поевтини модели, охрабрени од владините субвенции.
Франција, на пример, планира субвенции за локално произведени електрични автомобили во Европа, затоа што тие имат понизок карбонски отпечаток во споредба со увезените модели (во Кина главно се користи струја од термално производство). Дополнително се планира и социјална програма за лизинг, којашто на домаќинствата со помали примања ќе им понуди електрични возила аз околу 100 евра месечно.
Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер кажа дека малите електрични возила треба да се произведуваат во Франција, покрај моделите од поскапите сегменти.
„Знам дека Карлос Тавареш ужива во предизвици … го замолувам да го прифати предизвикот, и малите електрични возила, како 208, да ги произведува во Франција. Можеби не цели автомобили, но зошто не и дел од нив“, изјави министерот за тв-каналот БФМ.
Тавареш и Ле Мер не најдоа заеднички точки на оваа тема во изминатите месеци.
Renault планира своите следни електрични автомобили од помалите класи, Renault 5 и Renault 4 SUV, да ги произведува во Франција.
Peugeot e-208 се проиведува во Сарагоса, Шпанија, додека изведбите на популарниот модел со мотори со внатрешно согорување се произведуваат во словачка Трнава, а за некои пазари и во Кенитра, Мароко.
Carlos Tavares: «Avec la voiture électrique, l’Europe a déroulé le tapis rouge aux constructeurs chinois»
Le patron de Stellantis juge impossible de produire de façon rentable des petites voitures électriques en France.https://t.co/HwJcMiyJ7o
— Le Figaro (@Le_Figaro) July 5, 2023
Stellantis, третиот најголем производител на автомобили во светот, во минатиот месец најави дека во средината на октомври ќе го претстави својот прв достапен електричен автомобил од европска продукција. Тоа ќе биде новиот Citroen e-C3, како одговор на пристигањето на евтините автомобили од кинеските марки во Европа. Концернот веќе произведува сличен модел во Индија, којшто е наменет за тамошниот пазар и наидува на одлична прифатеност.
Неопходноста од подостапни модели од европските марки произлегува под притисокот на кинеските марки со елеткрични возила, коишто се гледаат како закана за европските производители на автомобили, нудејќи евтини автомобили.
„Резултатите ќе ни покажат кој бил во право, во одбраната од кинеските конкуренти,“ изјави Тавареш за Ле Фигаро, додавајќи дека трошоците на кинеските прозиводител се пониски за 20 до 25 проценти од трошоците на европските компании.
















