Најиталијанската од сите автомобилски марки изведува пресвртница за Fiat и за имиџот на марката, престанувајќи со производство на сиви автомобили и посакувајќи му добредојде на новиот свет на бои. Тоа е само почеток на големата драма што ќе ја изведуваат Италијанците во пресрет на премиерата на својот важен новитет, Fiat 600.
На автомобилската индустрија ѝ се потребни големи чекори – во сите насоки. Fiat прави таков голем чекор и му јавува на светот дека повеќе нема да произведе автомобил во сива боја. Прв модел за којшто ќе важи правилото е новиот Fiat 600e, патем, уште еден електричен Fiat.
Марката од Торино од денес ќе ги лакира своите нови автомобили во боите на италијанското море, сонце, земја и небо. Каков е предизвикот и зошто Fiat се впушта во истиот, прикажано е во видеото.
Намерата на Fiat во основа е да потсети колку боите се важни во животот. Сето тоа се прави според италијанскиот начин на живеење и во духот на новата „долчевита“, за којашто се залага марката.
„Ние ги прекршивме правилата: Решивме да престанеме со производство на сиви автомобили Fiat. Тоа е предизвик и има за цел да го зајакне лидерството на Fiat, како марка на радоста, боите и оптимизмот. Италија е земја на боите, и почнувајќи од денес, истото важи за автомобилите на Fiat“, порача Оливие Франсоа, извршен директор на Fiat и шеф на маркетингот на концернот Stellantis во светски рамки.
View this post on Instagram
Fiat сака со овој потег да ги инспирира луѓето да живеат со оптимизам и позитивна мисла, и тоа ќе биде воедно една од мисиите на новиот Fiat 600e, електричен автомобил за семејствата и пријателите, којшто ќе биде претставен на 4-ти јули.
Во видеото, преку коешто заљубениците во Fiat можат да го откријат новиот свет на боите на марката, извршниот директор Оливие Франсоа зад воланот на новиот Fiat 600e потонува во светот на боите, под мотото „Италија. Земја на боите. Fiat. Марка на боите.“
Тековната понуда од модели на FIAT – New 500, 500 Hybrid, 500X, Panda и Tipo – достапна е во најразлични тонови, меѓу кои: Gelato white, Sicilia orange, Paprika orange, Passione red, Blu Dipinto di Blu, Italia blue, Venezia blue, Rugiada green, Foresta green, Rose gold и Cinema black – сите бои асоцираат на италијанските пејзажи и на духот на долчевита.















