Fiat има причина да слави: 40 години на Panda 4×4

Mercedes-Benz ја има својата G-Class, Британците ги имаат Defender и Range Rover, Suzuki го слави Jimny, а Fiat меѓу своите легенди ја вбројува и изведбата со погон на сите тркала од Panda.

Fiat Panda 4×4 уште од самото лансирање во 1983 година ја претставува постојаната револуција што се случува во автомобилската индустрија и со тоа прерасна во една од легендите што ги има автомобилскиот свет. За соодветно да го одбележи 40-от роденден на Panda 4×4, Fiat пдоготви специјална серија 4×40, што ќе биде изработена во 1.983 примероци, според годината во којашто се појави моделот.

Во изминатите четири децении, Fiat произведе близу 800.000 примероци од минито со погон на сите тркала. Едно од секои десет 4х4 возила што вкупно се продадени во А-сегментот, носи плочка на којашто пишува Panda.

Како основа за специјалниот модел Fiat Panda 4×40° служи изведбата Cross. Каросеријата е лакирана во боја на слонова коска, тркалата од 15 инчи се во две бои, капите на ретровизорите се црни.

Заштитните панели покрај праговите носат црвено лого 4×40° , а исто и на задните столбови се наоѓа налепница со логото на моделот. Бојата на слонова коска става главен печат и во внатрешноста – по целата ширина на арматурната табла. Во седиштата е втиснато логото, има и двојна опшивка со црвен конец.

Опременоста вклучува магленки, диодни дневни светла, затемнети задни стакла, прстен за влечење напред, црни кровни шини. Кожа на воланот и на рачката на менувачот секако не смее да отсуствуваат. Од функционалната опрема, тука се радио со дигитален прием и дисплеј од 7 инчи со поддршка за CarPlay/Android Auto, автоматски клима уред, загревани ретровизори, сензор за дожд и паркинг сензори назад.

Само избрани пазари ќе добијат примероци од Panda 4×40° : Италија, Франција, Германија и Швајцарија. Во овие држави, верзијата со погон на сите тркала ужива исклучително висока популарност, главно поради тоа што е незаменлива во планинските терени, најчесто во населените места по Алпите, кога патиштата се завеани и сé e замрзнато. Токму тоа го изгради и имиџот на способен теренски автомобил на Panda 4×4.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fiat (@fiat)

Претходна објаваЕлектричниот Citroen за 25.000 евра ќе ѝ возврати на кинеската конкуренција
Следна објаваRenault Rafale ќе вози со 300 КС и погон на сите тркала

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here