Новиот знаменосец на Kia е електричен и голем е колку соба

Тој е зачетникот на новиот дизајнерски правец на марката, седумседот со огромна кабина Kia EV9

Првите пазари во Европа од денес почнуваат со нарачки за најновиот модел на Kia, воедно знаменосец и мошне важен модел за натамошното напредување на марката: EV9 е петметарски СУВ со храбар дизајн, напреден во својата електромобилност. Шведска прва ги објави цените: Најскапата изведба на Kia EV9 чини 889.900 круни, што одговара на околу 76.650 евра.

Дилерите на Kia во Европа од денес почнуваат да ги полнат книгите со нарачки за Kia EV9 GT Line. Тоа е највисокото ниво на моделот, со погон на сите тркала, два електромотори со вкупно 384 КС и 700 њутнметри вртежен момент. Спринтот до темпо сто трае 5,3 секунди.

Батеријата располага со големина од 99,8 kWh. Кога стојат на располагање ултра-брзи полначи со моќност од 240 kW, за време од 15 минути се полни енергија за 219 километри пат. Досегот изнесува 465 километри.

Надворешниот дизајн се инспорира од природата и од контрастите во природата. Покрај тоа што EV9 изгледа вчечатливо, тој постигнува и мошне низок коефициент на отпор на воздухот со cw 0,28.

Kia EV9 GT Line може да се избере во изведба со шест или седум седишта. Во првиот случај, во средниот ред се поставени две електрично задвижувани и вентилирани седишта, со можност за легнување. Втората варијанта има класична клупа со три седишта во средниот ред. Сите седишта се соборуваат едноставно од багажникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kia Worldwide (@kia.worldwide)

Арматурната табла ја сочинува триделен панорамски дисплеј, со два дисплеи од по 12,3 инчи и трет дисплеј од 5,1 инчи за ракување со климатизацијата.

Навигацијата автоматски ја одредува рутата за патување, земајќи предвид каде се наоѓаат полначите по пат и кога истите ќе треба да се користат, за батеријата да се дополни.

EV9 располага и со систем V2L (Vehicle-to-Load), што значи дека возилото може да оддава струја за надворешен потрошувач, на пример ладилник, или електричен велосипед.

Опременоста е соодветна на статусот на знаменосец

Во стандардната опрема влегуваат дигитални матрични диодни светла, тркала од 21 инчи, дигитален клуч, камера во 360 степени, проекциски дисплеј, далечинско движење на возилото, релаксирачки седишта напред и во средина, вентилирани седишта, два сончеви покриви, озвучување Meridian со 14 звучници и металик лак.

Кога третиот ред не е зафатен, багажникот нуди простор од 828 литри, односно 333 литри кога сите седишта се зафатени. Дополнителни 52 литри простор за одлагање има под предната хауба. Kia EV9 може да влече приколка тешка до 2,5 тони.

Првите примероци ќе пристигнат во салоните во октомври, а испораките ќе следат во последниот квартал годинава.

А, во меѓувреме тестиравме Kia XCeed со приклучен хибриден погон

Претходна објаваVolkswagen ги открива тајните зад рекордната аеродинамичност на ID.7
Следна објаваТурција стана втор најголем пазар на Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here