Opel од месец во месец ја зголемува својата продажба во Турција. Во минатиот месец, во земјата беа продадени 10.671 возило. Тоа е најголема продажба на Opel во Турција во последните дваесет години.
Важно место на лидер во делот од пазарот што им припаѓа на моделите од Б-СУВ сегментот и во исто време лидер во продажбата на елеткрични возила: Тоа се големите достигнувања на Opel Mokka на автомобилскиот пазар во Турција во мај.
Покрај Mokka, високо на второто место во своите сегменти се Corsa и Astra. Лани на турскиот пазар беа пласирани 36.725 возила од марката. По првите пет месеци од годинава, продажбата во Турција беше блиску да ја надмине целата ланска продажба.
Со 10.671 продадено возило, Opel во мај ја имаше највисоката продажба во Турција во последните 20 години. Пазарниот удел на германската марка изнесува 9,6 проценти. Едно од секои десет продадени возила во мај било Opel.
Тоа што најмногу ги убедува купувачите се германскиот квалитет и комфорот, што се нудат по достапна цена. Во исто време, Opel воведува и иновации, а постигнува и силен напредок во електромобилноста. Тоа ја заокружува сликата на успешна марка што е уште еден поттик за високата продажба.
Лани во декември, турскиот пазар веќе еднаш го привлече вниманието на сцената, со продажбата од 10.185 возила, кога земјата исто така беше втор најголем пазар за Opel.
View this post on Instagram
На завршетокот на мај, Opel ја зацврсти својата позиција на 6-то место, со продадени 29.609 возила годинава и со пазарен удел од 6,7 проценти. Германската марка се држи одлично и на пазарот на доставни возила, каде што е 6-та најпродавана марка со удел од 5,7 проценти.
Opel Mokka е трет најпродаван модел на турскиот пазар
Покрај Mokka, за силната позиција на Opel се бори и Corsa, којашто со 2.364 продадени примероци е на второто место во својот сегмент и ужива пазарен удел од 18,3 проценти. Corsa е осми најпродаван модел на пазарот.
Opel Astra од почетокот на годинава е силен двигател на продажбата на марката во Турција. Во мај се продадени 1.347 примероци од моделот, чијшто удел во компакт класата изнесува 14,3 проценти – доволно за второто место.
Посебно изненадува постигнувањето во електромобилноста. Во Турција не постои марка што продава повеќе електрични возила од Opel. Во мај се продадени 318 примероци од Opel Mokka Electric. Заедно со Corsa Electric, германската марка држи 16,5 проценти од мајската продажба на чисто електрични возила во земјата.
















