Defender, до неодамна име на модел, а по преименувањето на компанијата во JLR, марка, изработи посебен примерок во чест на светскиот куп во рагби. Највпечатливиот дел е посебната преграда назад, во којашто е сместен пехарот, во строго контролирани климатизирани услови.
Defender е партнер на светскиот куп во рагби што годинава ќе се одржи во Франција и воедно е официјален снабдувач со возила на купот.
Остануваат уште стотина денови до почетокот на турнирот. Defender во таа чест го прикажува автомобилот што го носи трофејот за светскиот куп во рагби за 2023 година. Станува збор за единствен примерок од Defender 110, со приклучен хибриден погон, изработен посебно за намената да го прошета трофејот низ цела Франција.
Приклучниот хибриден погон секако не е случајност, туку е во согласност со идејата на организаторот на купот во рагби, да ги почитува начела на одржливост на животната средина. Defender ќе го носи Webb Ellis Cup, пехарот во чест на Вилијам Веб Елис, кој се цени како татко на рагбито. Тоа е еден од најпрестижните трофејни пехари во спортот во светски рамки.
Рагби-мобилот е создаден во одделението за посебни нарачки на JLR во Ковентр, Англија. Главните преправки се извршени со цел да се направи сигурно и безбедно место, од коешто на јавноста ќе ѝ се прикажува пехарот на Веб Елис. Каросеријата исто така е означена во чест на купот.
Рагбито отелотворува посветеност, интегритет, храброст и способност – тоа се клучните вредности на Defender.
Филип Робрехт, извршен директор за JLR за Франција
Турата за Defender почнува веќе денес на 9-ти јуни, од монденскиот Биариц, на брегот на Атлантикот. Посебен прием се организира во чест на почетокот на турата. Фановите ќе можат да го погледнат возилото и пехаров во живо, и да го овековечат.
View this post on Instagram
Турата во Франција завршува на 14-ти август, пред почетокот на купот на 8-ми септември, на Стад де Франс во Сен Дени.
















