Mercedes ја претрка Tesla во добивањето дозвола за автопилот во Калифорнија

Агенцијата за моторни возила на Калифорнија му издаде дозвола на Mercedes-Benz, за системот за автоматизирано возење да се користи без активно учество на возачот на избрани патишта, под одредени услови.

Калифорнија е меѓу најголемите пазари на Tesla, каде што американскиот производител на електрични автомобили лани пласираше дури 16 проценти од својата продажба во минатата година, според пресметките на Ројтерс.

Mercedes ја престигна Tesla и стана прв производител на автомобили, што има добиено дозвола да продава и изнајмува автомобили со систем за автоматизирано возење од Ниво 3 во Калифорнија. Во почетокот на годинава, германскиот производител доби одобрение да ги користи системите за автоматизирано возење на патиштата во сојузната држава Невада.

Одобрението е издадено за системот што Mercedes го води под името Drive Pilot, и дозволува возачот да се посвети на други активности додека возилото управува самостојно, меѓутоа возачот мора во секое време да биде подготвен да преземе контрола, кога ќе се јави потреба за тоа.

Системот може да се користи само на автопатишта во дневни услови, до брзини од 40 милји на час, односно 64 километри на час, посочуваат од Агенцијата.

Mercedes во објавата наведува дека системот за автоматизирано возење ќе го понуди на пазарот во САД, како опција за знаменосецот S-Class и за електричниот крстосувач EQS SUV.

Испораките на овие модели се очекува да стартуваат подоцна годинава.

Tesla својот систем за асистенција при возење од Ниво 2 го нарекува Full Self-Driving.

Меѓу останатите системи што во моментов се користат по јавните патишта се „автопилотот“ на Tesla и системот Super Cruise на General Motors, коишто нудат автоматизирано возење од Ниво 2. Овие системи можат да го заменат возачот во одредени ситуации, меѓутоа бараат возачот постојано да го гледа патот пред себе.

Tesla својот систем за асистенција при возење од Ниво 2 го нарекува Full Self-Driving и нагласува дека возачот мора постојано да ја надгледува работата на системот, како и да интервернира, за да се постигне безбедна работа на истиот.

Дозволата му одобрува на Mercedes да го нуди својот систем на калифорниските автопатишта во заливското подрачје на Сан Франциско, во Калифорниската Долина, во Лос Анџелес, Сакраменто и Сан Диего, како и на магистралниот пат што ги поврзува јужна Калифорнија со Невада.

 

Претходна објаваГерманија: Помалку нови полначи по улиците, луѓето си полнат дома
Следна објаваDefender низ цела Франција ќе го прошета пехарот за светскиот рагби куп

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here