Смената на плановите на германските стратези сведочи за предизвикот со којшто се соочуваат голем број од европските држави, при планирањето на јавната мрежа од полначи, со коешто сакаат да го поттикнат преоѓањето на електричен погон.
Германија без голема врева се откажува од целта, за земјата до 2030 година да располага со еден милион станици со полначи за електрични автомобили по улиците и пред супермаркетите. Ова отстапување од плановите доаѓа откако се утврди дека луѓето повеќе сакаат своите електрични авотмобили да ги полнат дома.
Од сојузното министерство за транспорт, коешто е во надлежност на Слободните Демократи (ФДП) што го подржуваат бизнисот, укажуваат дека поставената цел уште е дел од официјалната политика, меѓутоа лица што се упатени во ставовите на германската влада ценат дека политиката нема да настојува да се достигне целта.
Плановите датираат од 2021 година и истите беа дел од спогодбата на владејачката коалиција. Со плановите што тогаш се чинеа сосем одмерени, се создава опасност дека станиците за полнење што ќе се изградат ќе бидат недоволно искористени.
Германија располага со околу 85.000 станици со електрични полначи што се достапни за јавноста. Секоја петта станица им нуди брзи полначи на своите корисници. Возачите во најголемата економија во Европа, сепак се решаваат да постават домашни полначи. На секоја јавна станица со полначи, доаѓаат по десет полначи поставени во куќите, гаражите, приватните паркиралишта пред станбените блокови, пред компаниите и фирмите. Владата не очекуваше толкав замав.
Germany is quietly dropping its goal of having one million electric-car charging stations on streets and at supermarkets by 2030 as it becomes clear that people prefer to power up at home https://t.co/u3SAwUZ8T1
— Bloomberg Energy (@BloombergNRG) June 8, 2023
Со истата појава се соочуваат бројни европски држави, додека планираат мрежа од јавни станици со полначи, со цел да го поттикнат преоѓањето на елеткрични возила. Целта лани во октомври беше поместена на еден милион полначи, меѓу другото и под притисок на домашните производители на автомобили, кажуваат лица што се упатени во состојбите.
Аналитичарите ценат дека на Германија до завршетокот на деценијава ќе ѝ бидат потребни околу 450.000 станици со полначи. Рајан Фишер, аналитичар за инфраструктура во BNEF, оценува дека „ако завршите со 1 милион полначи, ќе завршите со преголем број полначи, меѓутоа бројот на брзите полначи е тој што одредува колку вкупно полначи ќе бидат потребни.“
[the_ad id=”73735″]
Поставената цел се базираше врз студија од 2020 година, во којашто беа опфатени релевантни субјекти од автомобилската индустрија, енергетскиот сектор, науката и политиката. Потребата за 1 милион станици со полначи важи само за едно од 4-те сценарија што ги предвиде студијата. Во останатите три сценарија, на земјата ќе ѝ бидат потребни помалку полначи. Според здружението на германски производители VDA, дополнителни субјекти придонеле да се дојде до процената за 1 милион станици со полначи.
View this post on Instagram
Постоењето широка мрежа е корисна додека цените на електричните автомобили се намалуваат и се зголемува уделот на сопственици на такви возила, коишто немаат можност да полнат во домашни услови. Во друга студија, што исто така беше направена во 2020 година, се предвидува дека на земјата ќе ѝ бидат потребни меѓу 440.000 и 843.000 јавни полначи.
















