Peugeot 408 и за Кина, но таму со додавка „X“

Важна премиера на Peugeot на штотуку завршениот авто-салон во Шангај. Новиот Peugeot 408 се пробива и на кинескиот пазар, произведуван локално, во заедничката фабрика со Dongfeng во Ченгду. Бидејќи француската марка веќе има еден модел под ознаката 408 за пазарот во Кина, новакот доби додавка X во ознаката.

Заедно со Peugeot 408, односно 408X за тамошниот пазар, на салонот во Шангај доживеа премиера и концептниот автомобил Inception, којшто служи како шаблон по којшто ќе се развива цела следна генерација модели на Peugeot.

Исто како што забележлив и во Европа, Peugeot 408X го привлекуваше вниманието и на посетителите на 20-от Ауто Шангај. Менаџерите му скроија глобална кариера на својот оригинално дизајниран „фастбек“, кого што го поставија во самиот врв во Ц-сегментот. Освен во Кина, Peugeot 408X ќе се продава и на уште неколку пазари во Азија.

Моделот наменет за кинескиот пазар речоиси и не се разликува од европскиот 408, вклучувајќи го i-Cockpit. Токму конективноста и напредните технологии им се посебно важни на кинеските возачки и возачи, кои сакаат од своите автомобили да имаат пристап до онлајн-услуги и до посебни апликации. Peugeot 408X стартуваше со продажба во Кина уште во јануари.

Британката Линда Џексон, извршна директорка на Peugeot, во својот говор на Ауто Шангај 2023, кажа дека „PEUGEOT 408X и PEUGEOT INCEPTION CONCEPT совршено го прикажуваат капацитетот на Peugeot да иновира и брилијантно ги прикажува трите вредности на марката: Привлечност, емоција, исклучителност. Со својот спектакуларен дизајн, со својата привлечност, овие две возила го прикажуваат Peugeot во ново светло, коешто е посебно атрактивно за кинеските клиенти.“

Претходна објаваТест · Електрична Toyota bZ4X · Разликата е во 20-те милиони произведени хибриди
Следна објаваVolkswagen ќе ги отпушта директорите што требаше да развиваат софтвер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here