Директорот на Audi бара поевтина струја за фабриките

Производителите на автомобили и нивните добавувачи се зажат за високите цени на индустриската струја во Германија. Здружението на германски производители на автомобили исто така предупреди неодамна, дека високите цени на струјата стануваат сé поголем проблем за компаниите што имаат фабрики во Германија. Извршниот директор на Audi, Маркус Дусман, прв излегува со конкретни барања.

Првиот човек на автомобилската марка од Инголштат, Маркус Дусман, порачува дека „покрај развој на нови технологии, за енергетската пресвртница ни се потребни и нови идеи, за компаните и политиката да соработуваат – како во поглед на производството на енергија, така и во поглед на нејзиното акумулирање.“ Извршниот директор на Audi објаснува: „Високите цени за индустриската струја станаа прашање на егзистенција за некои компании. Тие ги загрозуваат фабриките во Германија. Повластените тарифи ќе помогнат да се сочуваат работните места.“

Забрзување на енергетската пресвртница

Дусман укажува на сериозноста на проблемот: „Климатската пресвртница нé присилува да се префрлиме во најкусо можно време на обновливи извори на енергија. Војната во Украина дејствува како дополнителен катализатор за откажувањето од увозот на фосилна енергија. Поради тоа мораме значително да ја забрзаме енергетската пресвртница во Германија.“

Тоа се воедно и барањата што ги поставува здружението на германски производители на автомобили. Претседателката Хилдегард Милер кажа уште во почетокот на годината: „За актуелниот шок од цените на енергијата да не се претвори во долготраен хендикеп за земјата како локација за производство, мора итно да се постапува. Енергијата не смее да стане луксузно добро за индустријата и за потрошувачите. Намалување на даноците и издатоците можат на небирократски начин и едноставно да придонесат за дополнително намалување на цената на струјата.“

Литиумот за батерии за електрични автомобили поскапел за 640% за една година

Претходна објаваКарлос Тавареш порачува „Добредојде во мојот свет, Илон Маск!“
Следна објаваAston Martin ангажира поранешни директори во Ferrari и Rimac

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here