за

Aston Martin ангажира поранешни директори во Ferrari и Rimac

Aston Martin регрутираше ветерани во автомобилската бранша, за да го зајакне својот тим во инженерингот, производството и набавката. Наскоро стартува првиот целосно електричен автомобил на Британците.

Поранешни директори во Ferrari и Rimac се меѓу клучните кадри со коишто Aston Martin го зајакнува својот менаџерски тим, пред лансирањето на првиот целосно електричен автомобил во 2025 година.

Пол Томас, поранешен директор во Rimac, поставен е на новата позиција на главен инженер за развој на батериски електрични возила. Тој воедно ќе биде одговорен и за развојот на модели со приклучен хибриден погон. Aston Martin в година ќе започне со испораkи на својот суперавтомобил Valhalla, којшто користи приклучен хибриден погон. Потоа следи целосно електричниот модел, што се планира за 2025 година.

Томас беше шеф за развој на технологија во хрватската компанија за електрични автомобили Rimac, во периодот од ноември 2020 година до февруари 2022 година. Според неговиот профил на LinkedIn, тој продолжил да работи во компанијата за роботско такси Project 3 Mobility, што исто така е проект на основачот Мате Римац.

Меѓу 2014 година и 2020 година, тој работел како директор за развој на возила во Tesla. Томас фактички се враќа во својата стара компанија Aston Martin, кадешто работел 16 години, пред да се префрли во Tesla.

Aston Martin го назначи поранешниот директор во Ferrari, Винченцо Регацони, на местото на шеф на производството. Регацони си замина од Ferrari од местото на директор на производство во 2022 година, по што вршеше услуги на консултант за Aston Martin.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aston Martin (@astonmartin)

Регацони почна да работи за Ferrari во 1998 година, за потоа да стане директор за производство во Maserati. Тој се врати во Ferrari и продолжи да работи во Маранело во следните седум години.

Британците го зајакнуваат својот тим и со Џорџо Лазањи, на местото на директор за набавка. Тој работеше седум години во Ferrari во набавката и производството, пред да ја напушти автомобилската индустрија во 2007 година. Лазањи почна да работи во Aston Martin во јануари.

Извршниот директор на Aston Martin, Амедео Фелиза, исто така поранешен директор на Ferrari, во објавата наведува дека трите нови кадри ќе „го трансформираат производството, ќе ја подобрат ефикасноста во работењето и ќе воспостават поблиски врски со нашите добавувачи.“

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Директорот на Audi бара поевтина струја за фабриките

Тест · Електрична Toyota bZ4X · Разликата е во 20-те милиони произведени хибриди