Kia годинава има историски најдобар прв квартал во Европа

Според официјалните податоци од европското здружение на производители на автомобили, Kia ја започна годинава со најдобриот прв квартал во историјата. Во првите три месеци се испорачани 148.571 возила.

Само во март, Kia испорача на европскиот пазар 63.053 возила или за дури 6,9 проценти повеќе отколку во истиот месец лани. Сето тоа резултираше и со задржување на пазарниот удел на Kia на солидни 4,6 проценти.

Главен носител на продажбата секако е новата генерација на Sportage. Популарниот СУВ и најпродаван модел на Kia во ЕУ, ЕФТА и Обединетото Кралство, во првите три месеци достигна 41.275 испораки. За големиот напредок во продажбата придонесува и фактот што моделот веќе извесно време е достапен и во изведби со хибриден и приклучен хибриден погон.

Втори по продажба се моделите од семејството на Ceed, каде што исто така се достапни модели со приклучен хибриден погон. Неодамна XCeed во оваа погонска изведба имаше и важна премиера во Киа Македонија, заедно со Niro EV, целосно електричната изведба на кросоверот, којшто првпат се нуди на македонскиот пазар. Сите моделски изведби на Ceed се испорачани во 35.207 примероци. Третото место му припаѓа токму на Niro, со 19.115 испорачани примероци од јануари до април.

Трите различни изведби на електрифицирана погонска спрега, што се достапни за моделите на Kia во моментов – хибрид, приклучен хибрид и батериски електричен погон – учествуваат дури до 35 проценти во вкупната продажба на марката ширум Европа.

Голем поттик за продажбата на батериски електрични возила доаѓа од спортскиот крстосувач EV6. Наскоро се придружува и семејниот електричен СУВ со простор за седум седишта, единствен таков модел во понуда од големите марки во моментов, EV9.

Џејсон Јенг, претседател на Kia Europe, коментира: „Рекордниот почеток на годината покажува дека Kia продолжува со силен раст и дека нашите европски клиенти одговараат позитивно на проширувањето на нашата понуда од електрифицирани возила.“

Претходна објаваPorsche продаде повеќе возила, заработи повеќе
Следна објаваГерманија ќе добие фабрика за автомобилски чипови вредна 10 млрд. €

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here