Руската фабрика на Toyota преоѓа во сопственост на државен институт

Toyota ја префрли својата фабрика во Русија на новиот сопственик, државниот институт за автомобилски развој NAMI.

Најголемата автомобилска компанија во светот лани го прекина производството во својата фабрика во Ст. Петерсбург, поради недостиг од клучни компоненти и материјали за вградување во возилата, по нападот на Русија врз Украина.

Во соопштението од Toyota, компанијата објавува дека решила фабриката да ја префрли на сопственост на NAMI, со правосилност од 31-ви март.

Спогодбата вклучува целосно префрлување на сопственоста на фабриката и на земјиштето, соопштува Toyota.

Фабриката располага со капацитет за производство на 100.000 возила годишно. Во неа се произведуваа лимузината од средна класа Camry и светскиот СУВ-бестселер RAV4, наменети за рускиот пазар. Возилата се извезуваа во Белорусија, Казахстан и Ерменија.

Toyota не објавува детали за вредноста на договорот.

Руското министерство за индустрија и трговија соопшти дека работи за фабриката да се врати во производство колку е можно поскоро.

NAMI (Централен научно-истражувачки автомобилски и моторен институт НАМИ), веќе ги има преземено фабриките на Renault и Nissan во Русија. Претпријатието е основано во 1918 година и има произведувано возила во завршетокот на 1920-те години. NAMI учествуваше во развојот на платформата Kortesch, којашто се користи како основа за државничката лимузина Aurus Senat, како и за СУВ-моделот Aurus Komendant од 2022 година.

https://youtu.be/Ig8VGMvKvVo

Претходна објаваПатување со Kia XCeed до најголемиот речен остров во Македонија
Следна објаваНаследникот на Golf 8 нема да вози со бензинец или дизел

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here