Lamborghini нема да оди на берза

Lamborghini Urus

Lamborghini, една од луксузните марки на концернот Volkswagen, ја исклучува можноста да ги понуди своите акции на берзата, по примерот на Porsche. „Не планираме да стартуваме на берзата“, кажува шефот на Lamborghini, Штефан Винкелман. Со тоа, директорот ги порекнува претходните гласини.

По историскиот старт на Porsche на берзата во минатата година, Винкелман самиот начна гласини, дека и италијанската луксузна марка би можело да ги понуди своите акции на берзата. „Појавувањето на берзата е неопходно, за на јавноста да ѝ покажеме дека се држиме солидно и дека силно веруваме во иднината“. Медиумите ја цитираа оваа изјава на менаџерот, како најава дека акциите во компанијата ќе се понудат за тргување на берзата.

Шефот Винкелман сега ја појаснува својата порака: „Погрешно бев цитиран. Јас само кажав дека мораме да работиме, исто како да сме на берзата.“

На темата синтетски горива, за коишто се залага германскиот министер за сообраќај Фолкер Висинг, Винкелман повеќе е со резервиран став: „Користењето синтетски горива може да биде интересно за нас. Но, тоа може да биде само во мотоспортот или во историските возила.“ Кај новите автомобили, трендот и кај Lamborghini се движи јасно во насока на електричниот погон.

„Кај нашите суперспортски автомобили сакаме да го продолжиме тоа колку е можно подолго, најмалку до почетокот на ’30-те години“, објаснува Винкелман. „Меѓутоа, од денешно гледиште, потоа може да следи само електричен погон. За тоа се подготвуваме“.

Lamborghini ќе го направи првиот чекор во електрификацијата преку воведување хибриден погон. Првите модели со чисто електричен погон ќе следат по 2028 година. „Прво хибридизација, а потоа и целосно електрични автомобили“, најавува Винкелман. Тој посредно го посочи и конечниот датум за моторите со внатрешно согорување. „За десет години, тоа ќе биде затворено поглавје“.

Претходна објаваШефот на Renault цени дека Европа заостанува со технологијата
Следна објаваХакери му вршат рекет на Ferrari

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here