Единственото i-нешто што е поголемо од i-Phone: Десет години на Peugeot i-Cockpit

Пред повеќе од десет години, првата генерација на Peugeot 208 воведе промени во подрачјето во коешто производителите се осмелуваа за менуваат само кај своите автомобили за големите авто-салони, kaj концептните автомобили. Peugeot 208 го донесе на свет i-Cockpit.

Француската марка денес може со гордост да се присетува дека пред десет години направи промени во „еден од елементите што најмалку напредуваше низ историјата на автомобилите, во возачката положба“, пишува во денешното соопштение од Peugeot.

Оттогаш се произведоа близу 10 милиони возила со i-Cockpit. Денес целосното моделско семејство на Peugeot ја поседува оваа одлика што не може да мине незабележано. Човек денес едноставно знае во секој момент дека седи во Peugeot, и за да се увери во тоа не мора прво да погледне во знакот што е залепен на воланот. Од марката со лавот ценат дека овој радикален концепт е добар и за емоциите во возењето, и за безбедноста и за комфорот, на возачот и на патниците.

Како што тоа го има уредено шефицата на марката, високо почитуваната Линда Џексон, во Peugeot денес сé се раководи според трите основни начела, па така и i-Cockpit

ALLURE (привлечност): Единствен и иновативен дизајн.

EMOTION (чувства): Неспоредливо и интуитивно возачко искуство.

EXCELLENCE (исклучителност): Револиција во ергономијата.

Концептот на i-Cockpit се потпира врз овие три клучни елементи, што за сето ова време останаа непроменети:

  • Волан со смалени димензии, со цел да се подобри чувството во возење и да постигне примерна управливост.
  • Инструменти сместени повисоко, за на возачот да му овозможат да ги следи сите информации што се важни за возењето, без да мора за тоа да го трга погледот од патот.
  • Широк средишен дисплеј, блиску на дофат и прегледен, што служи за ракување со главните функции на автомобилот.

Денес i-Cockpit е обележје на целата гама на Peugeot, од 208 до 5008, и сопствениците на тие автомобил е мошне веројатно дека би се разочарале доколку нов модел на Peugeot се појави без i-Cockpit.

Ова блиско историско поглавје почна во 2010 година, со претставувањето на концептниот автомобил PEUGEOT SR1 на салонот во Женева. Купе-кабриолетот му откри на светот, со што се занимаваат дизајнерите во марката.

Тимовите на Peugeot во тоа време бараа начин како да воведат иновации во возачкото седиште, со цел да се постигне подобра ергономија, подобра безбедност и повеќе емоции. По кусо експериментирање беше заклучено дека дел од поставените цели може да се постигне ако воланот се смали.

Peugeot од корен ги смени гледиштата на возачот, буквално. Место да гледа во инструментите низ воланот, возачот во новиот концепт на Peugeot можеше да ги гледа инструментите чисто и прегледно, над воланот. За тоа да се постигне, инструментите исто така ја сменија својата положба, односно беа поставени повисоко во концептниот SR1. Целата замисла беше заокружена со додавање голем средишен дисплеј, за ракување со функциите на возилото.

Тоа беше голем облог за марката, презедовме калкулиран ризик посветувајќи се на тој иновативен и необичен концепт. Прво моравме да бидеме сигурни дека концептот ќе им се допадне на нашите клиенти. Организиравме тестови на круѓни патеки со клиенти од Франција и Германија. Ги седнавме да возат во автообил со обичен волан и табла, а потоа во прототипот со новиот волан и со повишените инструменти. Реакциите беа одлични, со многу пофалби… бевме целосно убедени дека имаме нешто единствено

се сеќава Жером Мишерон, директор за развој на модели во Peugeot.

Потоа, во 2012 година, Peugeot 208 се појави со i-Cockpit како стандард во моделот и предизвика сензација. По четири години, француската марка веќе имаше втора генерација на концептот, со премиера во Peugeot 3008/5008. Инструментите од 12,3 инчи може целосно да се приспособат според потребите и желбите. Под средишниот дисплеј се поставени преклопници, за пристап до основните функции, без потреба да се влегува во менито преку дисплејот. Потоа пак беше ред на Peugeot 208, со воведувањето 3D-дигитални инструменти во 2019 година. Во новите Peugeot 308/408 продолжи да напредува системот, со додавањето можност за функцијата на преклопниците да се постави по желба.

Колку уште има потенцијал во i-Cockpit се насети со концептниот автомобил Inception, што практично го одбележи почетокот на годината за целата автомбоилска сцена. Тимот на Бертран Рапател, директор за внатрешен дизајн на Peugeot, додаде Hypersquare, сосем нова замисла за воланот, со отворени тркалезни полиња во самиот волан, коишто се допираат и користат слично како таблет.

Претходна објаваВидеоигри во автомобилот се нов бизнис вреден милијарди
Следна објаваКои летни гуми се вистинскиот избор: Голем тест на клубот АДАК

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here