Volkswagen гради фабрика за марката Scout во Америка

Volkswagen презема храбар чекор за марката Scout. Концернот ќе изгради нова фабрика за оваа култна американска марка во близина на градот Колумбија, во Јужна Каролина.

Претседателот на марката Scout, Скот Кио, и гувернерот на сојузната американска држава Јужна Каролина, објавија дека концернот Volkswagen ќе гради фабрика за автомобили од марката Scout.

Во фабриката ќе се произведува нова генерација пикапи и робустни теренци, коишто во стилот ќе потсеќаат на легендарните модели на Scout од периодот меѓу 1961 и 1980 годинa.

Фабриката ќе биде наменета исклучиво за производство на автомобили од оваа марка, и таа нема да произведува за останатите марки на концернот, односно за Volkswagen или Audi.

Претходно постоеја гласини дека Audi сака да се вклучи во Scout. Извршниот директор на Audi, Маркус Дусман, исто така изјави неодамна, дека сопствено производство во САД би било корисно за Audi.

Поставувањето камен темелник се планира за средината на 2023 година, а производството би почнало кон завршетокот на 2026 година.

Volkswagen вложува две милијарди долари во местото. Со ова големо вложување се отвора можност за 4.000 нови вработувања.

Јужна Каролина е локација на којашто и BMW произведува автомобили во САД. Меѓу двете фабрики ќе има одвај сто милји оддалеченост. „Чест ни е да соработуваме со Јужна Каролина, во почетокот на новата ера за Scout“, изјави Скот Кио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Scout Motors Inc. (@scout_motors)

При целосна искористеност на капацитетот, во фабриката може годишно да се произведуваат повеќе од 200.000 возила од марката Scout. Претходно, производителите по налог Magna и Foxconn, се бореа за тие да го преземат производството на Scout. Германскиот концерн сепак се реши да гради сопствена фабрика.

Scout ќе произведува исклучиво електрични возила

Моделската понуда на Scout ќе се состои исклучиво од електрични возила. „Од своите почетоци како СУВ во 1960 година, Scout прерасна во американска икона. Тоа е возилото што семејството го носеше на кампување, што овозможи пристап до недопрената природа и секое утро се појавуваше на градилиште. Во денешницата ја заживуваме повторно некогашната иновативност на Scott и ја електризираме нејзината иднина. Ќе го донесеме духот на Scout во Јужна Каролина, и тоа ќе биде предивикувачко патување,“ објави директорот за финансии на Volkswagen, Арно Антлиц.

Претходна објаваТуризам по стандард на AMG: Возачка школа по прочуени тркачки патеки
Следна објаваКако Audi ги подготвува своите фабрики за напад на BMW и Mercedes

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here