Водородниот погон на Toyota се вградува во тешки камиони

Тешките камиони ја преземаат улогата за светот да го убедат во предностите на погонот со водород. Toyota доби уште едно подрачје во коешто се користи нејзиниот погон, што се цени како најсовршен вид на погон во историјата на автомобилизмот.

Француската стартап компанија Hyliko договори водородниот погон на Toyota да го користи во своите камиони. Со овој чекор се проширува кругот на корисници на водородната погонска технологија на Toyota во Европа. Модулите на јапонскиот проиџводител веќе се променуваат во возови, автобуси, генератори за струја, како и во најразлични видови на користење во морскиот транспорт.

Камионите ја имаат важната улога да го забрзаат воведувањето на водородниот погон. Европскиот огранок на Toyota гледа голем простор за раст токму во делот на товарните возила, коишто учествуваат со 77 проценти во вкупниот превоз на стока по европските патишта/

Една од предностите е тоа што тежината на погонските системи со водород е исклучително ниска. Тоа е посебно важно кај камионите, затоа што се овозможува превоз на поголема тежина на товар.

Секако дека клучната предност за примената на водородот во тешкиот патен транспорт е кусото време за полнење на боците со водород, во комбинација со долг досег. Утврдените рути по коишто се одвива транспортот со камиони и нивната потреба да полнат поголема количина водород, ги оправдуваат трошоците за поставување широка мрежа од станици за точење водород.

Toyota во светски рамки соработува со повеќе производители на товарни возила, со цел технологијата на водородниот погон да добие поширока застапеност во тешкиот транспорт.

Проектот „Shore to Shore“ во САД, којшто почна да се одвива во 2019 година, неодамна докажа дека камион со погон со горивна ќелија, може во поглед на моќноста да се споредува со камион со дизел мотор. Емисија на штетни материи не постои, од „издувот“ излегува само малку пареа.

„Hyliko е динамична стартап-компанија со единствена визија на тема водород“, кажува Тибо Паке, потпретседател на за развој во Toyota Motor Europe и главен за бизнисот со горивни ќелии. „Компанијата сака да ги нуди сите главни компоненти на еден еко-кластер, што значи камион со погон на водород, испорака на ‘зелен’ водород, како и понуда на пакети за лизинг и сервисирање за своите корисници.“

Toyota ќе продолжи да соработува со компании од типот на Hyliko, за на тој начин да се поттикне создавањето еко-кластери ширум Европа. „Со тоа сакаме водородот да го унапредиме како енергенс, што за нас претставува еден од најважните чекори на патот до неутралноста во поглед на СО2 до 2040 година,“ објаснува Тибо Паке.

Hyliko развива два модели со водородниот погон на Toyota: Еден влекач во категоријата до 44 тони и еден камион во категорија до 26 тони, којшто ќе се нуди во варијанти 6×2 и 6×4. Компанијата ќе користи сопствен водород произведен на одржлив начин, ќе го складира истиот и ќе врши дистрибуција.

„Модулите со горивни ќелии на Toyota се прочуени по својата издржливост и моќност, со што претставуваат решавачки компоненти за нашиот камион со погон на водород“, коментираат од Hyliko.

Претходна објаваPeugeot 508: Оваа лимузина има изглед за петка
Следна објаваАмерикански институт му потврди врвна безбедност на Volvo XC90

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here