Препознавањето на лицето кај мобилните телефони одамна се применува како најделотворна заштита од кражба. Технологијата пристига и во автомобилите.
Во соработка со партнерот trinamiX, добавувачот Continental разви т.н. дисплеј за идентификација на возачот. По премиерата на саемот на потрошувачка електроника во Лас Вегас во почетокот на годинава, дисплејот кон крајот на месецов ќе биде прикажан и на светскиот мобилен конгрес во Барцелона.
Според наводите од Continental, станува збор за прв автомобилски дисплеј за вградување во кабината на возилото, што овозможува препознавање без допир, со висока сигурност во работата. Најважната функција секако дека е заштитата од кражба.
„Сигурната идентификација на корисникот на возилото е важна функција за идните генерации возила“, пишуваат во соопштението од Continental. Диплејот располага и со други функции, покрај заштитата од кражба. Сигурното препознавање овозможува и едноставно дигитално плаќање, кога се полни гориво или се наплаќа патарина, како и при изнајмување возило.
Заобиколување на системот практично е невозможно
Понатаму, технологијата може да се користи и за плаќање преку апликации или за пристап до најразлични дигитални услуги. Камерата што е вградена во системот дополнително се користи и за сигурно следење на будноста на возачот. На тој начин се намалува опасноста, дека возачот поради замор ќе изгуби внимание при возењето.
https://photos.app.goo.gl/j6uVhae2iHW3DnVi9
Надгледувањето на возачот е потребно и за автономното возење, во зависност од степенот на автоматизација, за да се гарантира дека возачот внимава на патот и на одвивањето на сообраќајот.
Исто како кај паметен телефон: Сé додека системот не го препознае возачот, автомобилот не стартува
Новиот дисплеј за препознавање на возачот од Cоntinental и trinamiX нема потреба од дополнителни сензори. Камерата е вградена во заоблениот дисплеј на Continental и возачот не ја забележува. Производителите тврдат дека практично е невозможно да се надитри системот.
Препознавањето на лицето се базира врз технологија што е развиена и патентирана од trinamiX. Напредната техологија досега дотаму што системот ја разликува човечката кожа, така што е невозможно тој да се измами со фотографии или со реалистична маска.
















