Сменетите правилници на ЕУ му овозможуваат на Volkswagen да користи осветлено лого кај своите сериски автомобили. Првиот модел што ќе го носи новото лого е стар познајник.
Тој детал досега ги красеше редовно новите модели, но само кога тие беа најавувани како студиски автомобили: Станува збор за осветленото лого во маската на моделите на Volkswagen. Кај сериските модели, логото сепак остануваше неосветлено. Европските закони не дозволуваа поинаку.
Volkswagen ќе го пушти осветленото лого во своите сериски модели. Тоа го најави шефот на марката, Томас Шефер, на својот профил на LinkedIn. „Еден посебен модел, што ќе го претставиме набрзо, ќе биде прв Volkswagen во Европа, што ќе покажува такво лого“, напиша директорот. Шефер ја донесува добрата вест за сите фанови на логото што свети, прогласувајќи дека „сега тоа е можно.“
Првата примена ќе биде во Volkswagen Touareg
Ефектното светлечко лого сепак нема да доживее да биде вградено за првпат кај новиот електричен модел од врвот на понудата, ID.7, ниту пак тоа ќе се случи во претстојното моделско освежување на ID.3. Таа чест ќе му припадне на еден стар познајник, со господски мотори со внатрешно согорување: На Touareg му претстои фејсфлифт годинава и тој ќе биде првиот сериски модел што ќе вози со осветлено лого. Важната напомена е дека предното лого сепак ќе остане неосветлено. Задното лого е тоа што ќе свети. Соодветно на стилската новина, задното лого ќе свети во црвена боја, исто како светлата.
Тоа е исполнување на желбите на голем број фанови. „Бројни автомобилски ентузијасти долго време се разочарани од тоа што во Европа нема светлечки логоа на автомобилите“, објаснува Шефер,. „За разлика од САД или Кина, законите го оневозможуваа тоа.“ Законите сега се сменети.
Законите на ЕУ дозволија отстапка, но само малку
Промената ја овозможија последните усогласувања на законите за одобрување и поставување на делови на автомобили во Европа. Новиот закон важи од 4-ти јануари и меѓу другото дозволува логоата да бидат осветлени. Сепак постојат големи ограничувања.
Осветленото лого не смее да има површина поголема од 100 сантиметри квадратни. Покрај тоа, логото не смее да биде оддалечено повеќе од 7,5 сантиметри од најблиската осветлена површина. Претсериските примероци на Touareg што се во тестирање не го исполнуваат тој услов, освен ако кај сериските примероци не се користи долга светлечка лента меѓу задните светла, со што ќе се исполнат законските барања.
















