Kia Niro се натпреварува во највисоката категорија за Светски Автомобил на Годината, додека неговата целосно електрична изведба Niro EV ќе ги одмерува силите со конкуренцијата во категоријата на Светски Електричен Автомобил на Годината. Тројката ја заокружува уште еден целосно електричен модел, кросоверот Kia EV6 во изведбата GT со 585 КС, којшто се бори за наслов на Светски Автомобил со високи перформанси.
Во најпрестижната категорија во изборот, за носител на насловот Светски Автомобил на 2023 Година од сите категории заедно, конкуренти на хибридната Kia Niro се Alfa Romeo Tonale, BMW Серија 2, BMW X1/iX1, Honda HR-V, Hyundai Ioniq 5, Mercedes-Benz C-Class, Mazda CX-60, Nissan Ariya и Nissan Z.
Тоа што трите финалисти на Kia во изборот имаат или хибриден или целосно електричен погон, меѓу другото е резултат од стратегијата на марката, што се води како План С и предвидува целосна електрификација на марката.
Изборот за Светски Автомобил на Годината се одржува 19-ти пат. Жирито го сочинуваат 100 експерти од 32 држави, кои во неколку етапи на повеќе континенти вршат тест возења и врз основа на тоа ги одредуваат возилата што може да се квалификуваат за изборот.
Претседателот на изборот, Јенс Мајнерс, потсетува дека „наградите беа најавени првпат во 2003 година, за изборот официјално да биде лансиран во јануари 2004, со цел да се прикаже реалноста на светскиот пазар, како и да се оддаде признание за исклучителноста, лидерството и иновациите во автомобилската индустрија што брзо се менува“.
Победниците ќе бидат објавени на свеченост за време на салонот на автомобили во Њујорк, на 5-ти април.
View this post on Instagram
Категориите во коишто се натреваруваат останатите два модели на Kia во изборот
Финалисти во категорија на електрични автомобили
BMW i7
Genesis GV60
Hyundai Ioniq 6
Kia Niro EV
Lucid Air
Финалисти во категорија на автомобили со високи перформанси:
BMW M4 CSL
Kia EV6 GT
Nissan Z
Porsche 911 (992) GT3 RS
Toyota GR Corolla
















