Mercedes-Benz донира милион евра за погодените од земјотресот во Турција и Сирија

Дополнително се активираат и вработените во Mercedes-Benz со испраќање парични донации.

Mercedes-Benz Group AG донира милион евра на Германскиот Црвен Крст, наменети за луѓето во Турција и Сирија што се погодени од силниот земјотрес. Донацијата ќе се користи за итна хуманитарна помош на лице место, со цел настраданиот народ брзо да се снабди со неопходното. Акцијата за помош на Германскиот Црвен Крст веќе е започната.

Mercedes-Benz е подготвен да понуди помош на големите хуманитарни организации. Во моментов најмногу се потребни парични донации, со цел во најбрз рок да се обезбеди професионална помош во погодените региони.

Компанијата дополнително организира и донаторска акција за своите вработени. На тој начин вработените можат на небирократски начин да придонесат за брзата помош во регионот што е погоден од катастрофа.

Претходна објаваТрет хибрид во моделското семејство на Peugeot 3008
Следна објаваRenault и Nissan ќе го удвојат бројот на дилери во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here