Хакери украле 40 терабајти податоци од Continental

Германскиот добавувач за автомобилските фабрики и еден од светските лидери во браншата, Continental, летоска беше жртва на сајбер напад. Според германските медиуми, хакерите украле податоци од компанијата што котира на берзата и вклучена е во Dax-индексот.

Continental спроведува истрага на случајот „со поддршка од надворешни експерти за сајбер безбедност“, соопштуваат од компанијата. Истрагата се води со „највисок приоритет“ и уште е во тек.

Групата „Lockbit 3.0“ претходно на своите канали на даркнет објави наводен разговор меѓу сајбер-напаѓачите и преговарачи од Continental. Од тој разговор, произлегува дека во нападот што се случи кон крајот на август врз Continental е преземена масивна количина податоци од страна на криминалците.

Од Continental посочуваат дека тогаш го откриле нападот и „се одбраниле од истиот“, како што било наведено во соопштението. Од концернот соопштија и дека напаѓачите не успеале да ги хакираат податоците на серверите на Continental, како и дека не бил побаран откуп.

Претходна објаваOpel исто како да произвел по едно возило за секој жител на Германија
Следна објаваRenault го дели бизнисот на пет ограноци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here